• 04.08.2021 10:55

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Лидерот на полските конзервативци им изрази благодарност на граѓаните

BySarissa Editor

Nov 15, 2020

Јарослав Качински, лидерот на полската владеачка конзервативна партија, им се заблагодари на регионалните конзервативни групации во Полска, кои во турбулентниот период во кој беше Полска последниве недели, со големи протести и собирања, ги бранеа црквите кои беа под напад од страна на протестантите кои излегоа на улица заради новите промени во законот за абортус.

Качински изјави „како и вообичаено, вие ја понудивте својата помош кога беше најмногу потребна, и со вашите спонтани собири за одбрана на црквите и формирањето на Партиотската стража (Straż Patriotyczna), под слоганот „Одбранете го крстот, одбранете ја Полска.“

Тој исто така додаде „Да ја одбраниме Полска, да го одбраниме сето она што Полска го претставува за нас, за да остане вечен и вистински дом за идните генерации полски мажи и жени. Најискрено ви се заблагодарувам“.