• 16.05.2021 18:31

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Лошото менаџирање во одбраната ги уништува капацитетите на АРМ

Bysrs-editor

Apr 14, 2021

Пред само неколку месеци, на крајот на декември минатата година, во касарнатата „Илинден“ беше отворено новото заедничко стрелиште на Армијата и на МВР за гаѓање со пиштол и автомат за деветмилиметарски калибар на муниција. Овој капацитет, како што изјавија тогаш министрите за одбрана и за внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, е уште еден конкретен и важен потег во насока на остварување поквалитетна обука и подготовка на полициските и воените специјалци што е, пак, предуслов за зачувување на безбедноста на државата.

Но, реалноста е сосема друго. Прво, тоа стрелиште постои веќе 20-тина години, и помеѓу припадниците на АРМ е познатото како Мало (минијатурно) тенковско стрелиште и тоа го знае секој што служел војска или работел во касарната Илинден. Значи, министрите тогаш на свечена промоција, се сликаа, држеа говори и отворија постоечко повеќедецениско стрелиште!!!

Второ, доколку се погледне денешната состојба на стрелиштето, ќе се види реалната слика не само за стрелиштето, туку и генерално за состојбата во АРМ. Освен што стрелиштето е уништено и неуредно, туку е и небезбедно за војниците кои гаѓаат, заради опасноста од рикошетирање на куршумите, и е практично неупотребливо за боеви гаѓања. Ова е срам и за Армијата и за државата!