• 20.04.2021 17:28

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонија влегува во проектот „Александрополис“ за енергетска независност

Bysrs-editor

Mar 15, 2021

Проектот во Александрополис, Грција, кој предвидува изградба на терминал за гас и гасна централа има европско значење. Компанијата Гастрејд, која е главна во проектот, потпиша договор за аквизиција на 20 отсто од својот основен капитал од страна на ДЕСФА С.А., сопственик и оператор на Националниот систем за пренос на природен гас на Грција.

„Ова е европски проект од заеднички интерес, приоритетен проект на Европската унија, кој ја зајакнува безбедноста на снабдувањето, ги диверзифицира изворите и патиштата за снабдување со енергија, ја зајакнува конкуренцијата и поддржува воспоставување природен гас трговски центар во поширокиот регион на Југоисточна Европа, носејќи очигледни придобивки за сите крајни потрошувачи“, се вели во соопштението при потпишување на договорот, а пренесува Независен весник во својата анализа на темата.

Проектот го поддржува и САД, бидејќи важен им е за американските инвестиции во регионот. Помошникот-државен секретар за енергетика на САД, Френсис Фанон истакна дека она што го гледаат овде е навистина трансформативно. Тој оцени дека Македонија во овој проект е важна во однос на географијата како регионален центар и додаде дека ќе ги поттикнат американските инвестиции во Македонија.

„Геополитичките импликации се значителни, затоа што во моментов регионот има ефективно еден добавувач на енергија и кога било која било дражва е зависна само од еден снабдувач тоа влијае на начинот на кој државата може да ги реализира своите политики. САД има долгорочен интерес за безбедноста на енергетиката во однос на зависноста од енергија и многу години всушност од времето на претседателот Реган сака да промовира диверзификација на енергија и се создава еден таков круг на опции и се создава и пазар. Ако имате само еден извор немате пазар, туку зависност“, мета Фанон.

Македонија ќе инвестира околу 140 милиони евра во терминал за течен гас и гасна централа во Александрополис, Грција. Во терминалот нашата држава е планирано да учевствува со 10 отсто, а во гасната централа ќе има удел од 25 отсто. Во гасниот терминал учесник ќе биде Национални енергетски ресурси (НЕР), а во гасната централа, Електрани на Македонија (ЕСМ).

Несомнено дека ова е важен чекор за државата затоа што ќе се овозможи да бидеме транзитна земја за пренос на гас, но и дека ќе обезбедиме сигурно снабдување со енергија. Ако се земе предвид дека ЕСМ ќе има 25 отсто удел тогаш јасно е дека ќе се подобрат перформансите на компанијата во процесот на производство на електрична енергија.