• 21.04.2021 19:41

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонија и Бугарија ја продолжуваат комуникацијата, се уште нема договор за акцискиот план

BySarissa Editor

Feb 27, 2021

Акцискиот план меѓу Македонија и Бугарија за побрзо спроведување на Договорот за добрососедство е заглавен некаде на патот меѓу Скопје и Софија. Две недели откако шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека останува да се усогласи само уште еден процент од планот и тоа по чисто технички прашања, денешната негова изјава покажува дека не е баш така.

ека Македонија и Бугарија не се баш на чекор на усвојување на акцискиот план, а со тоа и одржување на меѓувладина конференција, пред два дена соопшти и лично бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева и тоа само неколку часа по средбата со Османи во Софија, од која беше лиферувано штуро соопштение, без датум за меѓувладина конференција.

Захариева, освен за Коридорот 8, тогаш не спомена по кои други точки треба уште да се работи, но се појасно е дека преостанатиот неусогласен еден процент од Акцискиот план не е толку технички.

Но освен по акцискиот план Скопје и Софија имаат различна перцепција и како се одвиваат работите со заедничката Комисија за историски прашања, која изминатите два дена ја одржа својата 12 средба, на која не беше постигнат напредок по историските теми.

И додека македонските и бугарските власти да се договорат дали е и или не е усогласен акцискиот план и дали има или нема напредок по историските прашања, се поблиску е датумот на стартот на изборната кампања за парламентарните избори во Бугарија закажани за 4 април, по кој датумот за одржување на меѓувладината конференција со сигурност ќе го чека формирањето на новата бугарска влада.

Calcium is a mineral that’s crucial for many bodily processes. cialis cost south africa Here are the 10 best calcium supplements of Written by Julia Ries — Updated on July 2, Share on Pinterest.