• 30.07.2021 14:09

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонија нема да добие помош од пакетот на ЕУ од 530 милиони евра

Bysrs-editor

Mar 11, 2021

Македонија не е дел од државите кои од Европската унија ќе добијат помош од околу 530 милиони евра.

Информацијата за тоа кои земји ќе добијат финанска помош од Солидарниот фонд на ЕУ на Твитер ја објави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

-Солидарност на ЕУ на дело, напиша Фон дер Лајен набројувајќи ги земјите кои ќе бидат опфатени со овој пакет, меѓу кои се и Србија, Црна Гора и Албанија.

Со предлогот на Европската комисија се опфатени 17 земји членки и 3 земји кандидати, односно Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија и Шпанија, плус Албанија, Црна Гора и Србија. Како што стои во соопштението од Европската комисија, средствата кои треба да ги добијат се поддршка на нивните јавни трошоци за медицинска и лична заштитна опрема, итна поддршка за населението и мерките за превенција, мониторинг и ширење на коронавирусот.