• 11.04.2021 11:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонија ја совлада Грузија 1-0 за пласман на Европско првенство

BySarissa Editor

Nov 12, 2020

По мошне лошото прво полувреме за двете екипи и 0:0, репрезентациите на Грузија и Македонија го отворија второто полувреме.

Топката беше повеќе во нозете на нашите играчи, Грузијците како што и се очекуваше – безопасни, но и без позначајни можности за нашиот тим.

И тогаш Пандев во 56 минута постигна гол. Акција ја почна Елмас кој велемајсторски продре по страна, проигрувајќи го Несторовски пред голот на Грузијците. Несторовски проигра до Пандев на кого од неколку метри не му беше тешко да погоди за 0-1.

66 минута – Грузијците се мачат, но не можат ни да стигнат до нашиот гол.

70 минута – центаршут на Грузијците од десната страна пред нашиот гол, но во празно.

72 минута – Несторовски испаѓа сам пред голот на Грузија, малку од лева страна. Наместо да шутира, се решава да проигра и феноменалната шанса за 0:2 пропаѓа.

74 минута – времето бавно тече – 16 минути до ЕП за Македонија. Шут од 20-тина метри кон нашиот гол, но високо над пречката. Веднаш на другата страна Елмас сам си создаде шанса, по проигрување од Пандев, но слаб шут.

76 минута – корнер за Грузија. Опасно, голема гужва, но исфрлена топка, а потоа Грузјците веќе се немоќни.

80 минута – нема промени во играта на двете екипи. Грузија нема идеја, ние не се трудиме премногу да тргнеме напред.

82 минута – жолт картон за Несторовски, слободен удар за Грузија на околу 20 метри од нашиот гол. За среќа топката го погодува живиот ѕид.

84 минута – Ангеловски прави замена, изглегува Николов, влегува Костадинов.

89 минута – излегува Несторовски, влегува Тричковски.

90 минута – уште 4 минути.

92 минута – грузискиот тренет врши две нејасни измени на само две минути пред крајот. Грузијците веднаш прават шанса, но за среќа, топката оди надвор.

94 минута – од нигде никаде шанса за Грузија, топката останува надвор од голот и ние сме на ЕП. За прв пат во историјата.