• 03.08.2021 20:39

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонија 125-та по безбедност во светот, од вкупно 134 земји

Bysrs-editor

Jul 8, 2021

Македонија е на 125. место на листата на безбедност на земјите, од вкупно 134 држави. Најбезбедна земја во светот е Исланд, а најнебезбедна – Филипините.

Од земјите во нашиот регион, највисоко котира Србија, на 34. место (пред Велика Британија, Шпанија, Грција…), по неа е Словенија, на 47-мото место.

Албанија е на 63. место, Хрватска е на 74., Бугарија на 114., Црна Гора на 121., а полоша од нас во регионот е само Босна и Херцеговина, на 130. место. 

Откако светот се преврте наопаку поради глобалната пандемија што почна во 2020 година, утврдувањето на релативната безбедност на секоја земја сега е поважно од кога било. Најбезбедните земји на Глобал фајненс во светското рангирање се карактеризираат со ажурирани податоци и извори, нова временска рамка и ги содржат искуствата и ризиците на секоја земја од ковид-19.

Па, кои земји се покажаа безбедни, а кои не?

Резултатот за безбедност на земјите зема предвид три основни фактори. Овие фактори се војна и мир, лична безбедност и ризик од природни катастрофи, вклучувајќи ги и уникатните фактори на ризик што произлегуваат од ковид-19. Секој од овие фактори се заснова на извештаи за 2020 година, направени во 2021 година. Со цел да се осигуриме дека податоците се релевантни за тековните искуства, вели Глобал фајненс, резултатите од ковид-19 се изведени од податоците заклучно со 30 мај 2021 година.

Во споредба со основните фактори, нивниот резултат од ковид-19 го смета бројот на починатите од болеста по жител за двојно позначаен од другите фактори и ги зема вакцинациите по жител како неутрален или позитивен фактор, мерејќи ги подеднакво како и другите основни податоци. Во суштина, вкупниот резултат на една земја е составен од половина основни фактори, една третина смртни случаи од ковид-19 по жител и една шестина вакцинација против ковид по жител.

Смртните случаи по жител се директна мерка за тоа колку одредена земја одговорила добро на ширењето на ковид-19, што пак се заснова на здравствената инфраструктура во земјата, владините способности, политичкото лидерство и културата, соочена со голема, неочекувана криза. Вакцинациите по жител, од друга страна, ја одразуваат финансиската моќ на земјата и идните перформанси преку превентивни мерки што произлегуваат од натамошни епидемии.