• 20.04.2021 17:09

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува во Талин

BySarissa Editor

Nov 25, 2020

Веднаш по пристигнувањето во хотелот „Хилтон Талин Парк“, нашата машка сениорска репрезентација, беше тестирана од страна на одговорните лица на ФИБА. Резултатите од PCR тестирањето се негативни, па нема промени во плановите на стручниот тим предводен од Александар Тодоров.

Според планираните активности за 24. ноември, играчите добија продолжен одмор.

Ќе има само еден тренинг. Закажан е за 17.15 часот (според локално време, а 16.15 по македонско) во салата „Саку Сурхал“ каде од 28. до 30. ноември ќе се играат натпреварите од „Б“ квалификациската група за пласман на ЕП 2022 година.

Инаку, за време на престојот во естонската престолнина, нашата најдобра селекција ќе одработи најмалку осум тренинга. Планирани се уште два, но тие се водат како незадолжителни.

Согласно со распоредот на тренинзи на Тодоров, само на 26ти ноември (четврток) ќе се тренира два пати. Ден порано, односно ден подоцна, постои можност, тоа да биде повторено, во зависност од потребата за тоа. Тренинзи се планирани и на денот на одигрување на средбите со Италија, односно Естонија.

На 28ми ноември (сабота) Македонија ќе тренира од девет часот (од 15.30 часот ќе се игра мечот со селекцијата на Италија), додека пак на 30ти ноември (понеделник), нашите кошаркари ќе тренираат од 11.часот.

Од 20.30 часот, ќе играме против репрезентацијата на Естонија, кога и се затвора овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА.