• 03.08.2021 20:25

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонскиот конзервативец – постои мудрост во обичаите и традицијата

BySarissa Editor

Sep 28, 2020

Во мојата последна колумна пишував за разликата помеѓу конзервативци од различни земји и потекло, објаснувајќи како е да се биде американски, британски или македонски конзервативец, зависно од тоа што сакате да сочувате. Посочив дека македонските конзервативци сакаат да ја сочуваат Македонија и се она што ја прави да биде и што е уникатно за неа. Потоа забележав дека сите конзервативци, без разлика од која земја и потекло се, сите тие делат особини кои што се универзални за сите конзервативци  без разлика каде живеат и дискутирав за една од тие особини –  благодарноста и како благодарноста е применета  кај македонските конзервативни жени и мажи.

Во оваа колумна сакам да додадам уште една особина, а тоа е мудроста на старите обичаи и традицијата. Канадскиот психолог и автор, д-р Џордан Петерсон напишал:  “Мудроста на минатото е тешко заработена и твоите починати предци оставиле нешто кое може да биде корисно за тебе”.

Денес, постојат многу луѓе кои без размислување ги занемаруваат мудростите од минатото, традицијата, учењата и мудрите мисли на “мртвите бели мажи”, фраза популарна денес меѓу некои групи на луѓе. Но дали мудроста, пронајдена во минатото, во традицијата и учењата на минатите генерации е нешто што треба да се заборави или е нешто од кое треба да се учи? Можеме ли да пронајдеме мудрост во минатото? Дали постои нешто кое постарите генерации можат да не подучат? Англо-ирскиот државник и автор Едмунд Бурк (1729-1797) верувал дека може и напишал “Општеството сепак е договор… каде што двете договорни страни не би можеле да се одржат толку многу генерации, доколку тоа не прерасне во договор кој не е склучен само помеѓу живите луѓе, туку помеѓу живите, починатите и оние кои допрва треба да се родат. Секој договор во секоја одредена земја не е ништо друго, освен еден голем инстинктивен договор за бесконечно општество”.

Англискиот автор, филозоф и теолог  Г. К. Честертон (1874-1936) исто така имал да каже нешто на оваа тема, па пишувајќи за демократијата, вели “Никогаш не разбрав од каде некои луѓе добиле идеја дека демократијата е нешто обратно од традицијата. Очигледно е дека традицијата е единствената демократија која се провлекла низ времето. Традицијата може да биде дефинирана како продолжеток на гласот на они кои веќе не се меѓу нас”. Говорејќи за Бурк, тој истакнува “Традиција значи давање глас на најмаргинализираните од сите класи, а тоа се нашите почитани предци. Тоа е демократија на починатите. Традицијата одбива да се предаде на арогантната олигархија на нашите современици. Сите демократи се спротивставуваат  на дисквалификација на луѓето по случаен избор при раѓање, додека традицијата со спротивставува на дисквалификација на луѓето во случај на смрт”.

Друг мислител и филозоф, економистот Фридрих вон Хајек (1899-1992) направил застрашувачка поента  во ‘Фаталниот Концепт”, каде што напишал “Виртуелно сите наши бенефити од цивилизацијата и од нашето постоење , верувам се должат на нашата волја да го носиме товарот на традицијата. Овие бенефити воопшто не го оправдуваат товарот, но алтернативата е изгладнување и сиромаштија”. Како што кажал и еден модерен автор Џона Голдберг “Еден од најголемите бенефити од старите институции е токму нивната старост… обезглавувајќи ги нив со цел изградба на едно перфектно општество е перфектен рецепт за уништување на едно убаво и добро општество, бидејќи кога ги уништувате културните навики на населението, не можете инстантно да ги конвертирате сите луѓе соодветно вашето видување, туку напротив вие ќе ги радикализирате.”

И додека денес некои западни лидери и нивни следбеници веруваат дека во нивните земји мораат да направат фундаментална промена, само за да се рече дека направиле промена, не значи дека промената секогаш води кон добро. Авторот и мислител Расел Кирк (1918-1994) предупредува пишувајќи дека “Избрзаната иновација попрво може да ве донесе до пропаст, отколку да биде факел на прогресот”. Ваквата ситуација сме ја виделе многу пати до сега.

На сето ова воздигнување на традицијата и на минатото, можеме да додадеме уште една состојка – меморијата. Единствениот начин да се потсетуваме на минатото е да го запаметиме минатото. Затоа Џорџ Орвел (1903-1950) напишал:  “Најефективен начин да уништите еден народ е да го негирате и да го сотрете разбирањето на неговата историја”, додека пак рускиот автор, дисидент и добитник за нобелова награда,  Александр Солженицин (1918-2008) тврдел “За да уништиш еден народ, потребно е да му го сотреш коренот”. Милан Кундера (1929- ) во својата “Книга за смеење и заборавање” напишал дека “Првиот начин да ликвидирате еден народ е да им ја избришете меморијата. Уништете им ги книгите, културата и нивната историја… За кратко време нацијата ќе заборави што е и која била”.

Но, како сето ова е применливо за македонскиот конзервативец? Моето мислење е дека македонските конзервативци знаат дека сакаат да ја зачуваат Македонија , како место, како идеал и како култура (се она што оди со неа, вклучувајќи го и јазикот), притоа сето ова пренесувајќи и прераскажувајќи го од колено на колено, исто онака како што било пренесувано од минатото до денес.  Размислете за ова, читајќи го текстов, како македонец, можеби читајќи ја на македонски јазик оваа колумна, Вие сте македонец со македонска свест и меморија за Македонија, за  нејзината култура, историја и се останато поврзано со неа, само затоа што тоа било одржано и пренесено на Вас од македонците пред Вас, без разлика дали тоа биле вашите родители, нивните родители, некои далечни роднини или пак некои македонци чии имиња вам Ви се непознати, кои ја завршиле тешката работа на носење на “товарот на традицијата”, предавајќи Ви ја Вам.

Македонскиот конзервативец разбира што сакал Бурк да каже со неговата изрека ‘’Вашите предци направиле нешто од многу голема вредност без ваше учество и тоа денес Ви е предадено на Вас, така што вашите предци добиле глас, метафорички, без разлика дали Вие пренесеното денес ќе го зачувате. Македонскиот конзервативец ја разбира важноста на меморијата од минатото и има мудроста во минатото и дека тоа е витално за да се одржи живо сеќавањето за културата, образованието, општеството и друго.  Затоа македонските конзервативци сакаат да ја одржат таа меморија жива и да ја пренесаат на нивните деца, внуци и на сите оние кои што допрва треба да се родат.

Во мојата следна колумна ќе продолжам со овој редослед на претставување и излагање на различни особини на еден конзервативец. 

Џејсон Мико