• 20.04.2021 17:55

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонскиот конзервативец ја конзервира државата, културата, јазикот, идентитетот и македонската историја

BySarissa Editor

Nov 20, 2020

Нашиот соработник Џејсон Мико, како дел од Институтот за конзервативни политики – Сариса во директно вклучување од Аризона, САД, во своето обраќање кон учесниците на Конзервативниот караван во Штип, посочи на благодарноста која верува дека е основата во конзервативното размислување, благодарност за она што се поседува и има, за да се негува и конзервира, како македонската држава, идентитет, јазик, култура и традиции.

Најпрво би сакал да зборувам за тоа што значи да бидеш „конзервативец“, односно што би значело да конзервираш. Како американец за мене тоа значи дека сакам да го конзервирам Уставот на САД, сакам да ги конзервирам основните принципи кои татковците основоположници на Уставот ги креирале. Што би сакал на пример да конзервира британскиот конзервативец? – Тој можеби би сакал да го зачува сопствениот Устав кој иако не е пишан датира уште од Магна карта либертатум. Туку се наметнува прашањето што сака да конзервира македонскиот конзервативец?

–  Откако сум инволвиран во македонските работи повеќе од 20-тина година, би рекол дека македонскиот конзервативец би сакал најпрво да ја конзервира македонската држава, како суверена држава, потоа македонскиот идентитет и македонскиот јазик, традиција и историја.

Абрахам Линколн како 16-ти претседател  на Америка своевремено на темата што е конзервативизам вели „Зарем тоа не е придржување кон старото и испробаното, против новото и непробаното?“, затоа мислев дека може да збориме за тие основните постулати на конзервативизмот, како и старите начини и традициите, но и како човештвото се изгуби во сета своја променливост, иако е јасно дека човековата природа не е толку менлива.

Мислам дека од ова кое следно ќе го кажам доаѓа премисата на целото конзервативно размислување и идејата на конзервативизмот, основата на која се темели, а тоа е благодарноста. Кога сте благодарни за она што го имате, сакате да го задржите, негувате и да го конзервирате.  Г-дин Левин од Центарот за јавни политики во Вашинготн ќе рече за благодарноста дека конзервативизмот е всушност благодарност, конзервативците поаѓаат од благодарноста од она што е добро, и она што функционира во нашето општество, а либералите поаѓаат од бес и револт за она што не функционира и делуваат за да го уназадат. Конзервативците се многу по благодарни за успесите на општествено ниво, наместо падовите кои ги детектираат либералите, затоа што конзеравитивизмот ја разбира „паднатата“ природа на човекот. Либералите впрочем вели Левин почнуваат со високи очекувања, дури утописки очекувања,  кои ги тргаат на страна традициите и знаењето од претходни генерации,  затоа што мислат дека можат сами. Левин зборува за градење, за вредноста на традиициите, не за рушењето на знаењата на генерациите кои биле пред нас, но зборува и за несовршеноста на човековата природа која ја прифаќаме како таква.

Спротивно на благодарноста е незадоволството,затоа што ако ги земате работи „за готово“, помала е веројатно дека ќе ги негувате, браните и конзервирате работите, тогаш сте многу поприемчиви на корупција, распаѓање, па по тоа следат зависта, незадоволството и правото да поседувате нешто, затоа благодарноста е клучна основа за конзервативизмот.

Во случајот со Македонија, македонскиот конзервативец е благодарен што има држава, слобода која е извојувана по векови на борба, благодарен за работите кои ја прават Македонија уникатна, македонскиот конзервативец е во долг на тие Македонци кои си ги жртвувале своите животи, благодарност кон културата, историјата, јазикот и наследството на Македонија. Па по ова македонскиот конзервативец смета дека овие работи се вредни за да ги зачува, негува и конзервира.

Сметам дека секој поединец кој не е благодарен не е возможно да биде среќен, па по ова незадоволството всушност ги прави луѓето да не се среќни,а кога човек е благодарен, може да стане многу по среќна личност. Благодарните луѓе се среќни и тие градат, неблагодарните се незадоволни и тие рушат.

Мико го заврши своето обраќање цитирајќи го Крсте Петков Мисирков, од „За македонските работи“, кои во истоименото дело има напипано дека комплетната политичка слобода не е вредна, ако човек не сфати дека неговиот човечки долг е долг кон татковината, кон својот народ и работа, работа и повеќе работа… Мисирков додава дека се надевам дека нема да ми се земе за зло дека како Македонец со македонска совест имам свои видувања за минатото, сегашнота и иднината на мојата земја. По ова актот на благодарност му е потребна работа, работа и повеќе работа и колку повеќе си благодарен, толку повеќе ќе работиш, па навиката ќе ти биде добра, но сепак имаш слободен избор да избереш дали ќе бидеш благодарен и задоволен или не, а изборот е секогаш твој.

Мико посочи дека би сакал да мотивира благодарност затоа што истата е добра за поединецот, за семејството, за пријателите, но и за државата, за која верува дека е основата на конзервативното размислување и најдобар начин за да се стави ред во општеството.