• 03.08.2021 22:18

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонскиот пасош годинава полошо рангиран на светската листа според моќта за слободно патување

Македонскиот пасош годинава полошо рангиран на светската листа според моќта за слободно патување. Според Хенли Паспорт Индексот, од вкупно 199 држави, Македонија се најде на 46-то место. Тоа е за две позиции пониско од лани, иако годинава се зголеми листата на држави каде слободно се патува со мекедонски пасош.

Виза не е потребна за влез во 126 држави и со тоа Македонија е во подобра позиција од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција и Косово.

Сепак, подобро од македонскиот котираат дури 83 пасоши, кои ги делат погорните позиции на ранг листата. Споредено со регионот, повеќе вредат патните исправи на грците, словенците, бугарите, хрватите и србите.

Најмоќни се пасошите на Јапонија, Сингапур, Германија и Јужна Кореја, бидејќи без виза може да патуваат во повеќе од 190 држави, додека најмалку вреди пасошот на Авганистан затоа што овозможува слободно патување само во 26 земји.