• 15.04.2021 08:02

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонски незаборав – Годишнина од масакрот во Загоричани

Bysrs-editor

Mar 24, 2021

„Ние, целото население, апелираме до човекољубивата и хумана Европа, апелираме до цивилизацијата, која, веруваме, не може да најде поварварски сцени, достојни на средните векови, апелираме до европското јавно мнение, апелираме и до целата природа и до сите покровители на поробените народи и гласно изјавуваме дека и ние сакаме човечки живот и човечки права или смрт!“

Овие пораки не се напишани сега. Во овие пораки, напишани во 1905 година, Македонците се жалат на однесувањето на Европа, на цивилизираните земји што го толерираат ваквото однесување на Грците.

Се работи за масакрот во македонското село Загоричани на 25 март во 1905 година кога ѕверски биле убиени 62 селани, деца, жени-старци од страна на грчките андрати, кога биле запалени куќи, ранети луѓе… Масакрот го организирал костурскиот митрополит Германос Каравангелис, Грк што целиот живот го посветил на освојувањето на Македонија од Грците и истребувањето на нејзините жители од тој простор.

Цитатот од погоре е писмо од преживеаните селани на Загоричани испратено до австрискиот и рускиот конзул во Битола.

Овој масакр се смета за еден од почетоците на етничкото чистење во јужниот дел на Македонија, кој денес и припаѓа на Грција. Две години пред тоа, при задушувањето на Илинденското востание, османлиската војска, која имала наредба да го запали Загоричани, со сета своја суровост убила три пати помалку селани од грчките банди. Италијанскиот полковник Албер, кој учествувал во многу борби со дивите африкански племиња, за убиствата во Загоричани вели: “Често се случуваше наши војници да бидат заробени од Африканците и убиени. Но, убивање со таква свирепост не сум видел досега и не можам да најдам зборови со кои би ги опишал тие што ова злодело го сториле“.

Овој масакр е инспирација за песната “Народе македонски”.