• 03.08.2021 21:30

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Македонците во Тетово не може да добијат еднојазичен документ, им велат дека биле под 20 отсто

Bysrs-editor

Jun 28, 2021

Во Управата за матични книги во Тетово упорно одбивале на Биљана да ѝ издадат барање за уверение за слободна брачна состојба само на македонски јазик. Таа во Тетово добила двојазичен документ, на македонски и на албански јазик. Во подрачното одделение жалбата ѝ бида одбиена, по што била приморана да замине во Скопје каде извадила таков документ само на македонски јазик, што како на Македонка законски ѝ следува.

-Службеникот ми рече дека не може да ми издаде еднојазичен. Според протоколот не можело. Ми пренесе дека шефот му рекол дека Македонците се под 20 отсто во Тетово и не може да има еднојазично уверение за слободна брачна состојба. Побарав да зборувам со шефот, а тој ми се закани дека ќе викнел полиција бидејќи јас присилно му барам на македонски јазик. Ми рекоа дека мора да биде така, и дека после шест месеци можам да аплицирам за нов документ. Во Тетово, ми рекоа, нема еднојазично уверение за слободна брачна состојба. На шефот му реков дека за ова ќе се обратам и до медеиумите за да се знае што им се прави на Македонците во Тетово. Не се загрижи многу, вели Биљана.

Согласно Законската легислатива матичните книги се водат на македонски јазик и кирилско писмо, а во подрачјата каде 20% од граѓаните говорат на службен јазик различен од македонскиот истите се печатат на македонски јазик и на службениот јазик што го употребува граѓанинот.

-Во Тетово бидејќи влегува во Град кој има над, се смета за место каде што живеат малцинствата кои се над 20% за разлика од останатите, постојат двојазични книги на родени, венчани и умрени. Документот како документ за слободна брачна состојба се издава само на македонски јазик… тој било каде во Македонија без разлика на Законот за употреба на јазиците тој се издава само на македонски јазик.вели УВМК Јасна Пецевска.

Според последниот попис спроведен во 2002 Општина Тетово брои 86.580 жители. Од нив 18,555 се изјасниле како Македонци односно 35.07% од вкупниот број жители.