• 21.04.2021 00:50

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Макрон повика на повторно враќање на Шенген-зоната

BySarissa Editor

Nov 6, 2020

Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот изјави дека Франција ќе го удвои полициското и военото присуство на нејзините граници и ќе го поддржи „враќањето“ на Шенгенскиот договор за спроведување на нови безбедносни контроли за Европа.

„Ние треба радикално да го реновираме Шенген за да ја преиспитаме нејзината организација, да ја интензивираме нашата заедничка гранична заштита со вистински безбедносни полициски сили на надворешните граници на областа, но исто така и со зајакнување на интеграцијата на нашите правила и спроведување на  заедничка операција на нашите министри задолжени за внатрешни и безбедносни прашања“, рече Макрон за време на прес-конференција по посетата на Ле Пертус на Пиринеите, на границата со Шпанија.

Франција ќе ги претстави првите предлози до декемврискиот Европски совет, рече претседателот. Тој ја изрази својата решеност да ја види реформата договорена под француското претседателство со Советот на ЕУ, што ќе се одржи во текот на првата половина на 2022 година.

Франција претрпе два терористички напада за помалку од две недели во текот на октомври, вклучително обезглавување на наставник кој покажа карикатури на пророкот Мухамед на неговиот час и убиство на три лица во црква, во Ница на југот од Франција.

„Овие одлуки се дел од планот на она што го правиме во последните три години, но исто така земајќи ја предвид еволуцијата на заканата и нападите што се случија во Франција и Австрија“, рече Макрон во четвртокот.

Франција спроведува контроли на границата уште од нападот во центарот на концертната сала Батаклан во Париз во 2015 година, под овластен исклучок од Шенгенското правило.

Францускиот претседател во четвртокот рече дека земјата ќе ги зајакне контролите на своите граници.

„Ќе ја зголемиме бројката од 2.400 на 4.800 полицајци, војници кои ќе бидат мобилизирани да се борат против илегалната имиграција“, додаде тој откако истакна дека „ефикасно да се бориме против овој исламски тероризам значи да се бориме против мрежите на трговија со луѓе кои имаат врски со тероризам, а понекогаш и против самите терористи “.