• 04.08.2021 10:09

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Малчески: Влеговме во образовна реформа без да ги имаме основните параметри

BySarissa Editor

Jan 21, 2021

Утрово во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер гостин беше Самоил Малчески, професор  и долгогодишен кадар во македонскиот образовен сектор.

Една од темите за коишто Малчески зборуваше беше и реформите во македонскиот образовен систем.

„Кога сакате да направите реформа се почнува од основата, а тоа е детектирање на проблемот, правење на тим што ќе има компетенци и знаења да ја спроведе таа реформа. Вториот аспект е правење на анализа на постојните состојби на македонскиот образовен систем, и паралелно со тоа правење на компаративна анализа што се случува во земјите од регионот и неколку земји членки од ЕУ како репер. Врз основа на тие две анализи ќе ги детектираме проблемите, ќе поставиме цели и стратегии како да ги надминеме истите и што  е многу битно ќе дефинираме индикатори какоќе го мериме успехот во процесот. Откако ќе го направиме оа треба да се консултираат сите засегнати страни, почнувајќи од колегите во основното и средното образование и нивните форми на претставување кои ги имаат, наставничките факултети, факултетите од природно математичкото подрачје, историја, уметностите итн. И паралелно со тоа истакнати поединци коишто нигде не сакаат да членуваат а имаат што да кажат“, смета Малчески.

Според него за да се спроведат одредени реформи првиот чекор е да се има анализа.

„Влеговме во реформа без да ги имаме основните параметри, да кажеме ова се проблемите. Сите зборуваат за проблеми, зошто не излезат и не кажат кои се проблемите. Сите викаат најслаби сме во регионот. Зошто не излезат и не кажат што е тоа по што ние сме најслаби. На крај ја видовме познатата реченица на Царовска која вели дека имаме странски фактор којшто е повеќе заинтересиран за реформи во нашиот образовен систем од домашните институции. Тука веќе Царовска ја открива суштината на се она што го туркаат овој период“, вели Малчески.

Тој потсети дека Царовска не беше ни 100 дена министер кога ја објави, како што вели, т.н. реформа во образовниот систем.

„Тоа може да го направи истакнат поединец којшто остава белег во македонскиот образовен систем, долги години работел на проблемите и после тие долги години излегува и вика –  имам тим на интелектуалци позади мене коишто ме поддржуваат. Кои се бројките во суштина позади Мила Царовска? Пред да стане министер, нула минути во македонскиот образовен систем, целиот стаж и е министерскиот, нула оддржани часови. Мила Царовска шета по министерства од труд и социјала, па вицепремиер, па министер за образование, може утре ќе биде министер за нешто трето. One man show“, вели Малчески.

Тој појасни дека Царовска дипломирала во 2009-та  и од 2009-та е запишана на магистерски студии по јавно здравје на медицинскиот факултет на УКИМ и нема податок дали завршила или не.

Замислете сега реформа ни тера човек што 12 години не може да си ги заврши магистерските студии“, рече Малчески.

целото интервју погледнете го на следниот ЛИНК.