• 03.08.2021 19:50

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

МАНУ: Потребно е систематско изучување на македонската историја и македонскиот јазик

BySarissa Editor

Dec 21, 2020

MAНУ смета дека е неопходно да се обезбеди динамична рамнотежа меѓу математиката, природните и техничките науки, од една страна, и општествените и хуманистичките науки, вклучувајќи ги етиката и моралните вредности, од друга страна, како и да се обезбеди континуиран (на подолг период и без прекин) инклузивен и одржлив економски раст на Македонија.

Во соопштението од МАНУ се наведува дека при носењето на заклучоците се имале предвид седумнаесетте цели на одржлив развој (ОН, Агенда 2030), посебно целите:

Цел 1. Да се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде;

Цел 4. Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и промовирање на можностите за доживотно учење за сите;

Цел 8. Да се промовира континуиран (на подолг период и без прекин) инклузивен и одржлив економски раст, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите.

МАНУ потсетува дека глобалните реформи на образованието во светот во последните десетина години се карактеризираат со:

– Стандардизација на образовните системи и ставање акцент врз критериумите со коишто се мерат резултатите и успехот во образованието, при што критериумите за отчетност се базираат врз тестови, што е тесно поврзано со наградувањето и казнувањето на наставниците и училиштата; поттикнување на државите да се фокусираат кон наставните програми за математика, природни и технички науки и кон основна писменост, за сметка на пошироките форми на либерални уметности и прогресивните форми на наставни програми, реализација на наставата и учењето; трансформација на образованиот систем заснован врз менаџерски модели увезени од бизнис-секторот, при што моделите се водени од пазарните пристапи кои го привилегираат максимизирањето на ефикасноста, профитот и конкуренцијата, наспроти целите кои го промовираат човековиот развој и зајакнувањето на демократските општествени односи.