• 20.04.2021 13:56

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Маргарет Тачер – “Челичната дама”

Како поддршка за одбележување на деновите против насилството врз жените, денешниот ден го посветуваме на Маргарет Тачер, челичната дама и една од најпроминентните европски конзервативци.

Тачер, моминско презиме Робертс, е родена на 13 октомври 1925. Таа своето образование го има поминато на Оксфорд каде завршила хемиски науки во периодот од 1943 до 1947. Наредната година имала неуспешен обид да работи во хемиската индустрија, каде била одбиена поради “тврдоглавост”.

Истата година се зачленила во конзервативната асицијација во Велс, каде подоцна станала, истакнат и почитуван член на конзервативното друштво “Клубот Вермин”. Нејзината политичка кариера започнува во 1950 и 1951 каде е предложена за претставник на конзервативците на престојните изборни циклуси. Тачер изгубила од својот противник во областа каде што била кандидат, но била запаметена од медиумите како најмлад и како единствен кандидат кој бил жена. Бил Дидс изјавил ”Кога таа ќе ја отвореше устата сите ние изгледавме како од втор ред”.

На наредните избори во 1955 таа не земала кандидатура, но затоа на изборите во 1959 година конечно победила и конечно станала пратеник во британскиот парламент каде се задржала до 1970 година.

По изгласаната недоверба на лабористичката гарнитура во 1978 година, наредната 1979 се одржаа избори каде Маргарет Тачер победи и стана премиер на Велика Британија. Кога пристигнала на Даунинг стрит, ја кажала молитвата на светецот Франсис:

Каде има безредие, ќе донесеме хармонија,

Каде е погрешено, ќе донесеме правда,

Каде има колебање, ќе донесеме верба

И каде има разочараност, ќе донесеме надеж!

Таа остана позната по нејзините конзервативни ставови, осоено во сферата на економијата. Беше поддржувач на приватизација на државни компании и слободен пазар. Победник од Фолкландската војна и човек кој ја врати на нозе британската економија. Тачер во 1987 беше избрана за премиер по трет пат. Нејзината популарност започна да опаѓа со воведувањето на ејзиниот систам за оданочување и зголемениот евроскептицизам. Таа во 1990 даде оставкакаде продолжи да биде пратеник во долниот дом до 1992 година т.е. до нејзиното пензионирање. По нејзината пензија таа доби титула Баронеса и и беше загарантирано пратеничко место во горниот дом, доживотно. Таа почина од удар на 8ми април 2013 година во хотелот Риц во Лондон.

Маргарет Tачер остана запаметена како силна жена, пример за сите останати и како голем конзервативец. Остана запаметена по нејзините остри критики кон неолиберализмот, кои станаа идеологија (Тачеризам) и продолжи да се применува и во денешницата.