• 21.04.2021 19:48

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

МВР молчи за податоци за заплена на наркотици, затоа што бројките се многу мали, магично ни исчезнаа 1.6 тони марихуана

Професорот и декан на Факултетот за детективи и криминалистика во Скопје, Александар Нацев денеска како гостин во етерот на Лидер радио, истакна дека министерството за внатрешни затајува податоци за заплене на наркотици затоа што бројките се многу мали, за разлика од 2014-2015 каде се запленуваше со тони .


На министерот за внатрешни работи повеќе му одговара да одговара на прашања за „Јавна соба“, отколку да одговара прашања за реалната заплена на наркотици, бидејќи бројките кои што ќе ги каже се многу мали, вели Нацев.


Тие податоци ги користиме од регионалните извештаи и меѓународните извештаи за ефикасноста на министерството за внатрешни работи, тој вели дека лани се фатија 530-540 грама кокаин, два килограми хероин, заплена на марихуана во смешни бројки, за разлика од 2014-2015 година каде имаше огромни акции со заплена на стотици и стотици килограми хероин и кокаин, дури и во тони килограми.


Имавме ситуација каде два тони мариухуана беа украдени, а нашето министерство успеа да пронајде само 400 килограми од истата, има индиции дека тие два тона потекнуваат од фабриките за производство на марихуана, од кои 1.6 тони марихуана магично исчезна, објасни Нацев.