Меѓународната организација за миграција (ИОМ) ги повика Европската унија и земјите-членки да преземат итни мерки за запирање на насилството врз мигрантите и бегалците, вклучувајќи ги и децата, на надворешните граници на ЕУ.
ИОМ продолжува да прима извештаи со низа документи што докажуваат кршење на човековите права, како и меѓународни права и конвенции, вклучувајќи ја и Европската конвенција за човекови права.
ИОМ нагласува дека во директна комуникација со мигранти, но и медиуми, тие биле уверени во бруталноста на која биле изложени мигрантите пред да бидат вратени од морските и копнените граници што водат кон ЕУ.
Во соопштението се додава дека алармантната состојба на надворешните граници на ЕУ, ја потенцира потребата од подобрување на политиките за управување со миграција и азил, како и политика за азил.