• 04.08.2021 10:04

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Минималната плата за март ќе се зголеми за 400 денари и ќе изнесува 15.400 денари

ByHristijan Risteski

Mar 21, 2021

Минималната плата за март ќе се зголеми за околу 400 денари и ќе изнесува 15.400 денари.

Ваквото зголемување доаѓа како резултат на усогласувањето и порастот на просечната плата, која и покрај кризата, статистиката пресмета дека се зголемила за 8,8%, како и порастот на трошоците. Но негативниот БДП лани, не дозволува повисок раст на минималецот. А токму тоа го бараат синдикатите. Да нема работник во државата кој ќе зема плата под 16.000 денари.

Просечната плата во земјата, според Државниот завод за статистика, изнесува 28 294 денари.