• 22.04.2021 00:13

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Министерството за финасии ќе основа Академија – ќе ги обучува и испитува административците за управување со јавните пари

ByJane Jancheski

Feb 28, 2021

Министерството за финасии ќе основа Академија – ќе ги обучува и испитува административците за водење на јавните финансии. Нацрт Законот за академија за јавни финансии веќе е ставен на страницата на Електронскиот национален регистар на прописи каде се чекаат сугестии и забелешки. Од министерството за финасии за „Денар“ велат со Законот се основа и уредува работењето на Академијата за јавни финансии како организациона единица во состав на Министерството за финансии.

„Цел на основање на Академијата е обезбедување континуирана едукација на јавната администрација од областа на управувањето со јавните финансии во насока на создавање на модерна и стручна администрација за обезбедување квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти. Академијата ќе организира и спроведува обуки и испити во рамки на програмите за издавање уверенија/лиценци за овластени службеници и професии од областа на јавните финансии согласно закон за потребите на јавниот сектор и сите заинтересирани субјекти”, велат за „Денар“ од Министерството за финансии.

Од ресорот потенцираат дека законското решение го изготвила Работна група од кај нив во соработка со експерти од твиниг проектот „Зајакнување на функциите на буџетското планирање, извршување и внатрешна контрола“, финансиран од ЕУ.

Според Нацрт законското решение Академијата ќе биде надлежна за: организирање и спроведување обуки од областа на јавните финансии и испити во рамки на програмите за издавање уверенија/лиценци за овластени службеници и професии од областа на јавните финансии; подготвување на годишна програма за работа и финансирање на Академијата; на годишен извештај за работа на Академијата; за водење регистар на предавачи; издавање на сертификати за успешно посетување на обуките; водење на евиденцијата на издадените сертификати,  организирање домашни и меѓународни конференции, работилници, семинари, студиски посети и други форми на обука и стручно усовршување од областа на јавните финансии; учество во проекти и соработка со високообразовни и научно истражувачки институции, а ќе подготвува и публикации и други промотивни материјали за своето работење.

Предавачи на Акадмијата ќе бидат истакнати теоретичари и практичари од областа на предметната обука, вработени во јавниот сектор и во високообразовните и во научно истражувачките институции, приватниот сектор, како и меѓународни експерти. Нив може да им се исплаќа надомест за одржаните обуки, а висината на надоместот и начинот на плаќање како и условите за нивни избор ги пропишува министерот за финансии.

Академијата ќе се финансира од Буџетот, од надоместоците кои се плаќаат за обуките, а може и од грантови, донации и проекти. Треба да се смести во простории кои ќе ги обезбеди Владата, а пари за тоа може да обезбеди и од донации, грантови, проекти.

Ќе се формира и Комитет за унапредување на квалитетот во работењето на Академијата. Комитетот ќе има 7 члена кои ги назначува министерот за финансии од кои три од редовите на раководните државни службеници од Министерството за финансии, а останатите се од редот на истакнати економисти од научната и истражувачката економска област и практичари од јавните финансии. Членовите на Комитетот ќе имаат мандат од четири години, со право на уште еден избор. Експертите ќе се избираат на јавен повик, а сите седум члена ќе примаат надоместок од пет илјади денари месечно.

Подзаконските акти од Законот треба да се донесат во рок од 120 денови од денот на влегувањето во сила на законот, а тој ќе важи осум дена откако ќе биде објавен во „Службен весник“. Претходно треба да помине на ЕНЕР и да го изгласаат пратениците во собранието.

Conventional acne treatments like salicylic acid, niacinamide, or benzoyl peroxide are proven to be the most effective acne solutions, but they can be expensive and have undesirable side effects, such as dryness, redness, and irritation. cialis over the counter south africa This has prompted many people to look into remedies to cure acne naturally at home.