• 20.04.2021 17:43

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Модерно распнување

BySarissa Editor

Oct 13, 2020

Живееме во едно модерно општество каде слободата на изразување е една од основите за просперитет. Но, дали таа навистина пости или пак постои само за одредени цели кои би придонеле за реализација на едно одредено општество како што некој го замислил? Секуларноста која е најзастапена во западниот свет, која всушност значи сепарација на религијата со управувањето на државата, наместо тоа таа прерасна во анти-религиска особина. Религијата постои од кога постои човекот и досега не е забележана цивилизација која тоа не го практицирала. Која е причината поради која во денешницата религијата се отфрла и трпи огромна пропаганда која ја прикажува дури и како манијакална алатка која го инструира човекот да биде непросперитетен? Најпогодена религија е Христијанството. Сведоци сме како христијаните се оцрнувани на многу полиња, особено преку филмови и музика. Зборови како Исус и Бог се користат при највалкани дејствија, како потсвесно би се врежале и би станале пракса на секојдневниот човек. Шеги на сметка на религија кои воопшто не се вкусни станаа се попопуларни.

Во многу филмови сестрите од манастирите се прикажани како лабилни промискуитетни особи кои се желни за неморал, а свештениците се прикажани како хомосексуалци и педофили. Која е поентата на ваква пропаганда освен да се дефокусира младината која би гледала на религијата како нешто изопачено и без верба да ги прифати неморалните особини и материјални задоволства кои се наложуваат како вистински задоволства. Не постои човек кој нема верба. Но ако не верува во Бог тогаш ќе верува во материјалното,а материјалното не е вистиско бидејќи е привремено, не е вечно и на долг пат не ги прави луѓето среќни. Тоа е само илузија која не одвлекува од реалноста и вистинските вредности. Парите и се што може да се купи со пари не го прават човекот мудар, не го прават искрен, не го прават поштен ниту пак понизен кон другите и спремен да помага. Вербата е таа која не учи на овие особини кои не прават подобри. Секој се раѓа како еден недопрен камен, спремен да се обликува. Никој не се родил обликуван, а процесот на обликување т.е. градење на самиот себе како се подобар и подобар човек кој би придонел за подобра иднина се вика просперитет. Тоа е вистинскиот просперитет, а не оној кој го пропагираат денешните квази либерални левичари каде во нивното општество нема место за друг кој не се вклопува во нивната замисла.

Уште една алатка која ја користат против христијанството е црното минато на црквата како институција која преку инфилтрирани секти водени од материјалното, а не од духовното вршеле терор кон цивилизацијата, вршеле христијански џихади и воспоставиле банкарски систем, нешта кои се строго забранети според христијанското верување. Истовремено сите овие работи фашизоидните либерали и левичари ги практицираат во секојдневието и сите ние сме сведоци. Сите оние кои се оттргнале од вербата станале робови и затоа лесно се управани од олигарси кои се претставуаваат како богови од кои обичниот човек зависи и дека без нивните пари човекот ќе исчезне и така во страв слепо им веруваат и се спремни на се што нивните материјални господари им приготвуваат.

Материјалното нема никого да направи вечен туку добрите дела, мудрости и учењата кои направиле, прават и допрва ќе направат добро на идните генерации. Тие добри луѓе ќе живеат вечно и ќе бидат раскажувани низ поколенијата. Како и секој циклус низ цивилизациите така и овој неморален ќе си замине од лицето на земјата исто како Содома и Гомора. Да се биде религиозен не е контра просперитетот туку напротив,тое е просперитетно и вербата која не учи на морал не прави среќни не само нас туку и сите околу нас, нормално освен оние кои тоа го отфрлаат бидејќи се обземени од негативни вредности. Сите добрини се наша традиција која треба да се негува низ генерации. Семејството како институција е најцврстиот облик за негување на вредностите. Секој од нас во одреден период се соочува со намалена енергија и затоа семејството е битно будејќи тоа ја надополнува нашата празнина. Среќни сме не само кога ќе успееме во одредена цел, туку и кога било кој член од семејството е среќен. Кога сме сами прашање на време е кога ништо нема да не исполни и никој нема да се грижи за нас по што би доживеале духовен колапс и ниедно материјално благо нема да не спаси од тоа.

Замисленото лажно либерално општество сака да створи бездушни луѓе без верба, без припадност без морални вредности, луѓе кои не го почитуваат семејството и се самоуништуваат. Такви бездушни робови на материјалното се лесен плен, но не треба да ги мразиме и отфрламе. Треба да им подадеме рака и да им го покажеме просперитетот кој ќе ги направи подобри луѓе, а за тоа никогаш не е касно. Од друга страна, народот кој има цврста верба, како и низ историјата тој никогаш нема да потклекне кон овие манипулации, измами, одвлекувања од реалноста. Тие никогаш нема да се согласат ниту вклопат во нивната визија за општество кое сакаат да ја протуркаат со насилни методи со оцрнување на секој оној кој не го дели истото мислење. Ги гонат христијаните бидејќи тие се еден од најсилните отпори и метафорички кажано сакаат да ги распнат луѓето со морални вредности исто како што Исус бил распнат. Тие зли методи ќе родат само зло, но не просперитетно општество, а злото раѓа ново зло. Левичарите тоа го знаат и тие прават хаос за да се јават како спасители. Затоа наша обврска е да го шириме доброто, да помагаме, да пренесеме учење за морални и конзервативни вредности бидејќи веруваме дека во светот има место за сите без разлика на мислење, религија, нација или боја на кожа се додека ги почитуваат различностите, шират љубов и никому не претставуваат закана.

Сашо Петковски