• 03.08.2021 22:32

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

МОН не му даде награда, тој и донесе злато на Македонија

Осмооделенецот, Дамјан Давков по освоеното прво место на Јуниорската балканска математичка олимпијада (ЈБМО) во текот на овој месец ќе биде дел и од тимот за светската односно Интернационалната математичка олимпијада, која ќе се одржи виртуелно од 14 до 24 јули, а домаќин е рускиот град Санкт Петрбург. За ученици до 20 години натпреварот ќе се одржи на 19 и 20 јули.

Деновиве на Јуниорската балканска олмпијада (ЈБМО) нашата македонска екипа освои три медали. Штипскиот математички гениј Дамјан Давков освои злато, Алексиј Тасиќ сребро, Бранко Јангеловски и Леонид Тодороски бронза.

Домаќин на ЈБМО беше Кишињев, Молдавија.

Во тимот беа и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски. Набљудувач на тимот им беше проф.д-р Ѓорѓи Марковски.

Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а е во организација на Сојузот на математичари. Околу четири ипол часа траел натреварот на олимпијадата, а учесниците задачите ги решавале на компјутер, со вклучени камери.

Младиот математичар се најде во центарот на јавноста и на почетокот на годинава, кога беше одбиен од државата да добие парична награда за освоено прво место на државен натпревар по математика, зашто бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.