• 22.04.2021 01:25

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Натпреварот помеѓу Македонија и Италија – нема да се игра!! Тројца Македонци позитивни, цела репрезентација во – карантин

ByHristijan Risteski

Nov 28, 2020

Натпреварот помеѓу Македонија и Италија од квалификациите за ЕП 2022, кој требаше да се одигра попладнево, дефинитивно е одложен, откако ФИБА потврди дека има тројца позитивни на коронавирус во жолто-црвениот табор, поради што цела репрезентација е ставена во изолација.

Покрај Љубомир Младеновски, се покажа дека се и Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли се заболени од Ковид-19, поради што ќе мора да се направат нови тестирања на целиот национален тим. Дури по добивањето на овие резултати, ФИБА ќе ја реши судбината околу овој натпревар, односно дали ќе се игра утре во Талин, во неког друг термин на друга локација или, пак, ќе се додели службена победа за Италијанците, што е најневеројатна и најнепосакуван епилог од оваа ситуација.

„Следејќи го протоколот Ковид-19 за официјалните натпреварувања на ФИБА во националните тимови и клубовите и советите на нејзината медицинска комисија, ФИБА одлучи да го одложи натпреварот Италија – Северна Македонија, за квалификациите за ФИБА Евробаскет 2022 што требаше да се одржи денес во Талин, Естонија. Одлуката беше донесена откако тројца членови на делегацијата од Македонија беа позитивни на ковид-19, при што примарното внимание беше на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците. Остатокот од делегацијата е ставен во изолација. Дополнително ќе се изврши ново тестирање на тимската делегација на Македонија за понатамошна медицинска проценка и одлуки, вклучително и можно презакажување на натпреварот за време на овој ноемвриски прозорец. ФИБА ќе продолжи да ја следи ситуацијата со ковид-19 и да ги соопштува сите дополнителни ажурирања во врска со нејзините натпреварувања доколку е потребно“, се вели во соопштението на ФИБА.