Универзитетскиот професор Александар Нацев упати јавна поддршка за поранешните припадници на Армијата на Република Македонија кои јавно на прес конференција обвинија дека се изманипулирани од страна на раководните лица на Министерството за одбрана.
Во продолжените прочитајте го неговиот пост:
„
Поддршка за поранешните припадници на Армијата на Република Македонија кои јавно на прес конференција обвинија дека се изманипулирани од страна на раководните лица на Министерството за одбрана, и објавија дека иако им било ветено прераспределување во други институции со повисока плата и бенефиции, тие сепак останале на недостоинствени позиции со минимална плата.Припадниците на АРМ (минати, сегашни и идни) се нашите херои и чувари на Татковината, и не заслужуваат ваков потценувачки однос од страна на Министерството кое треба да се бори за нив, а не да ги лаже и манипулира.“