• 21.04.2021 09:51

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Нацев: Не може да очекуваме НАТО да има доверба во нас, кога непрекинато имаме безбедносни пропусти

BySarissa Editor

Feb 26, 2021

– Се направи таква перцепција дека со влегувањето во НАТО нешто магично ќе се случи за еден ден, и кога ќе се разбудиме следниот ден се ќе биде различно, а се покажа спротивното, истакна во синоќешното гостување во „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа универзитетскиот професор по безбедност Александар Нацев.

-Еве веќе една година како што сме членка на НАТО, а таа година ја одбележа толку многу скандали, што мислам дека НАТО повеќе доверба имаше во нас додека бевме партнер земја, затоа што тогаш не ни правеше толку сериозен скрининг, отколку сега кога станавме НАТО членка, посочи Нацев.

-Бидејќи кога сте внатре и сите 29 сојузници имаат што да изгубат тогаш секоја индивидуална грешка скапо ќе ги чини останатите 29 земји. НАТО е организација која што учи од своите сопствени грешки, дециден е професорот по безбедност.

Целото гостување на Нацев можете да го погледнете подолу во видеото: