• 03.08.2021 21:45

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Нацев од трибина на УМС во Пробиштип: Безбедносните предизвици постојано еволуираат и дека е потребна изградба на цврст и професионален безбедносен систем

Денес, во организација на УМС на ВМРО ДПМНЕ Пробиштип се одржа трибина на тема „Безбедно општество-сигурна иднина“.

На трибината зборуваше универзитетскиот професор Александар Нацев, која даде свој осврт на современите безбедносни трендови и ризиците и закани со кои се соочува безбедносно-одбранбениот систем на Република Македонија.

Меѓу другото, тој рече дека безбедносните предизвици постојано еволуираат и дека е потребна изградба на цврст и професионален безбедносен систем кој ќе може да одговори на овие предизвици.

Во неговото излагање тој истакна дека е потребно поимање на безбедноста и на локално и на нацинално ниво, но и на меѓународно преку учеството во колективните системи за безбедност.

Трибината предизвика голем интерес, а на крајот се разви и дискусија со присутните гости, на која исто така беа опфатени неколку интересни теми од областа на безбедноста и одбраната.