• 21.04.2021 19:55

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Нацев: Процесот на издавање безбедносни сертификати е делегитимиран од страна на НАТО

BySarissa Editor

Jan 16, 2021

Професорот Александар Нацев, во реакција објавена на неговата фејсбук страна, ги објаснува последните случувања во однос на скандалите со безбедносни сертификати, и проблематизирањето на упатувањата на македонски претставници во органите и телата на НАТО, од страна на безбедносните служби на НАТО. Во продолжение можете да ја прочитате неговата реакција во целост:

„Деновиве повторно сме сведоци на скандали со издавање безбедносни сертификати, односно проблематизирање на веќе издадени безбедносни сертификати за одредени лица од страна на НАТО службите за безбедност. Ваквата ситуација претставува комплетно делeгитимирање на процесот на издавање безбедносни сертификати од страна на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) и на квалитетот на извршените безбедносни проверки од страна на безбедносните служби (АНБ и ВсБИР).Бројните реакции (мои, но и реакции од одредени колеги) во однос на издавањето безбедносни сертификати во последниве три години, кои се однесуваа на издавање сертификати на лица кои претходно биле одбивани или издавањето безбедносни сертификати на подобни новинари за само еден ден, денес добија потврда преку реакцијата на НАТО и отвореното несогласување од нивна страна со овие процеси.“