• 30.07.2021 15:57

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Колумна на Горан Петрушев: Наше право е да имаме чиста животна средина

BySarissa Editor

Dec 7, 2020
Горан Петрушев

За опстанок на живите организми е потребно и неопходно постојано и непрекинато храна, вода и воздух со добар квалитет. Без храна и вода може да се преживее неколку денови, а додека без воздух само неколку минути. Од тука и прашањето колку е значајно со каков квалитет е воздухот што го дишиме, а додека во последно време се среќаваме и дишиме се повеќе загаден воздух. Загадувањето на воздухот може да биде по природен пат со загадувачки материи од природно потекло како почвена прашина, вулкански ерупции, пожари, биолошки разградувања и др., кои сами по себе не претставуваат толкава опасност во споредба со т.н. цивилизациски, односно загадувања кои се предизвикани од активноста на човекот. Золемената концентрација на луѓето во градовите, индустриските области, големи собраќајници доведуваат до создавање на критични региони односно жаришта за нарушување на природната состојба на животната средина и придонесување на нејзино загадување, а со тоа и загадување и на воздухот.

Загадувачите кои се емитираат локално од мали индустриски објекти, регионално од големите градови, сообраќајот и индустриските региони во една држава, со воздушните струења се пренесуваат на големи растојанија и на тој начин можат да преминат и во држави кои можеби не представуваат извори на загадување. Тоа значи дека денешното атмосферско загадување има глобален карактер и не познава национални граници. Процесот на загадување на атмосферскиот воздух се одвива во три фази:

Првата фаза е претставена со емисија – поим под кој се подразбира исфрлање на штетните материи (полутанти) од изворот на загадување во атмосверскиот воздух. Количината на емисија се определува со масата на штетните материи исфрлени на единица време која обично се изразува во g/s.

Во втората фаза околниот воздух ги разнесува исфрлените загадувачки материи од емисионите извори, а истовремено тие се расејуваат, разблажуваат и подлегнуваат на одредени физички и хемиски промрни. Овие процеси формираат т.н. трансмисија.

Третата фаза е имисија која претставува количество на загадувачи изразено преку маса на загадувачи во одреден волумен воздух и обично се изразува во микрограми или микрограми во метар кубен воздух (mg/m³) или ако се работи за цврсти честички, може да се изрази во mg/m² површина или број на честички во 1 sm³ воздух.

Всушност, имисија представува преминување на загадувачките материи во акцепторот и постигнување на одредена концентрација на загадувачките материи во атмосферските слоеви во близина на површината на земјата или таложење на одредена површина. Извори кои придонесуваат за загадување на воздухот се: индустријата за производство на топлотна и електрична енергија, металургијата, хемиската индустрија, градежната индустрија, рударството, прехрамбената индустрија, сообраќајот, земјоделството и др. Сите овие гранки се непходни и придонесуваат до подобро секојдневие на човекот, и не би претставувале поголем проблем доколку ги применуваат мерките и методите за заштита на атмосферскиот воздух.

Кога станува збор за мерките и методите кои се применуваат во заштита на квалитетот на атмосферскиот воздухот тие можат да се поделат во две групи: превентивни и директни. Една од превентивните мерки е изборот и квалитетот на енергетските горива кои ќе се користат во сите стопански гранки земајќи го предвид хемискиот состав. Друга превентивна мерка за заштита на атмосферскиот воздух е и правилниот избор на технолошкиот процес. Планирање на просторот при подигнувањето на индустриските објекти, како технологии од затворен тип, кои објекти треба технички и технолошки да бидат усогласени со законски прописи. При просторното планирање треба да се има предвид дека населбите мора да бидат градени на простор кеде лесно ќе може да струи чистиот воздух. Како директни методи за прочистување на загаден воздух е користење на разновидни апарати и уреди за прочистување на загадениот воздух пред да биде исфрлен во атмосферата. Конструкцијата на апаратите зависи од физичките и хемиските својства на полуциите, концентрацијата, волуменот, температурата и др. Кој метод и каква постројка ќе биде користена, зависи од ефикасноста на прочистувањето на загадениот воздух. Прашината и разновидните гасови од загадениот воздух се отстрануваат со специјални раздвојувачки уреди или постројки кои, во зависност од начинот на раздвојувањето, можат да бидат разновидни. Еве некој од нив: суви механички прочистувачи, уреди за мокро механичко таложење, апарати за филтрација, електростатички таложници и др.

Релативно евтина и лесно применлива мерка во заштита на атмосферскиот воздух е пошумувањето на градските и околните градски површини. Во населените подрачја квалитетот на воздухот многу ефикасно го подобруваат парковите во кои со голем обем се застапени тревници со растутено засадување на дрвја и грмушки, градските улици да имаат дрвореди од двете страни, а магистралите и патиштата од страните да имаат зелени заштитни појаси.Шумата претставува облека на Земјата која влијае на формирањето на климата и е лекар и чувар на здравјето на човекот.