• 20.04.2021 14:36

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Најголемите битки на Александар Македонски (3) – Битката кај Исос (Ис)

BySarissa Editor

Feb 24, 2021
м-р Никола Веселинов

Првото големо соочување на Александар III Македонски со “големиот цар” на Персија, Дариј III  се случило 333 година п.н.е. кај местото Исос. Движејќи се покрај крајбрежјето на Мала Азија кон Сирија, од своите извидници дознава дека  Дариј III со својата 600.000-на војска направил логор во Сохој, рамнина во Сирија, која била на два дена одење од теснецот  Бајлан кај Аманската Гора , преку која се влегувало во Сирија. По пристигнувањето на Александар III Македонски со својата војска кај местото Исос, биле оставени ранетите и болните војници, а потоа заминале до градот Миријандер каде што дал одмор на својата војска за да се подготват за битка.

          Во меѓувреме Дариј III заминал од позициите кај Сохој и по друг правец се упатил и стигнал со својата војска во Исос, токму кога Александар пристигнал во Миријандер. По пристигнувањето во Исос, Дариј III наредил да се убијат сите затекнати болни и ранети македонски војници. По заминувањето од Сохој, Дариј III својот харем и богатство ги испратил за Дамаск. Со доаѓањето во долината на реката Пинар (Дели Чај)  персиската војска се наоѓала во лоша позиција, каде немала доволна ширина и била во теснина, што и давала предност на македонската војска. По сознаниeто дека Дариј III  се наоѓа кај реката Пинар, македонската војска на чело со Александар III Македонски тргнала во тој правец. На тој начин реката Пинар станала сцена на една од најпознатите битки во светската историја. Борбениoт распоред бил поставен согласно стратегијата на двете војски и конфигурацијата на земјиштето.

          Персиската војска била распоредена на северната страна од реката Пинар, за да се користи висoкaта и стрмна падина како сигурносна зона. На десното крило била поставена коњаницата чија десна страна се протегала до крајбрежјето на морето. Во центарот била поставена елинистичката платеничка пешадија која броела околу 30.000 војници и била тешко вооружена, а лево од неа била персиската пешадија. Формациите на локалните племиња биле зад ридовите со задача да ја нападнат македонската војска зад грб. Дариј III според персискиот обичај застанал во центарот зад пешадијата, на борбена кола, опкружен со  благородништвото и со неговата лична гарда која броела 3.000 коњаници и пешадинци. Според некои податоци персиската војска броела околу 300.000 војници. Поставувајќи ја својата војска на нај непристапниот дел од течението на реката Пинар, Дариј III сакал да се обезбеди од нападот на компактната македонска линија. Стратегијата на персиската војска била коњаницата да напаѓа од страничните позиции, односно од десната страна, локалните формации од ридовите да напаѓаат од левото крило, а во меѓувреме центарот да го издржи нападот на македонската фаланга. Се очекувало битката да се реши во нивна корист со заобиколување на македонската војска.  

          Борбениот распоред на македонската војска бил во колони што марширале, напред одела македонската фаланга, а по неа коњаницата. Како се ширел  теренот македонската фаланга ја менувала фронталната и длабинската линија, а борбениот распоред Александар III Македонски го формирал во текот на марширањето од причина што постојано добивал нови информации за распоредот на персиската војска и сакал да ги обезбеди страничните позиции од нападите на локалните племиња, каде за одбрана од нив ангажирал два ескадрона од коњаницата на хетајрите и на пешадијата. Пред самото излегување на војската на брегот од реката Пинар ја преместил тесалиската коњаница од десно на лево крило, зад пешадијата за да го спречи опкружувањето на својата војска.

          Пред почетокот на битката Александар III Македонски го поставил својот борбен распоред во две линии. На првата борбена линија во центарот била фалангата каде прва била поставена бригадата на Кратер, а потоа бригадите на Птоломеј, Аминта, Пердика и Коној. Десно од фалангата се наоѓале две бригади штитоносци, а лево критските стрелци и тракијските копјеносци. Десно од штитоносците се наоѓала кралската бригада штитоносци со која командувал самиот Александар III Македонски, а потоа следела пајонската и коњаницата на хетајрите. На крајот на десното крило се наоѓале Агријаните и приближно 4.000 елинистички платеници. Во резерва како втора борбена линија била оставена елинистичката пешадија. Со македонската војска од десна страна командувал Александар III Македонски, а од левата Парменион. Стратегијата предвидувала создавање празен меѓупростор во линијата на Персијците, бидејќи се знаел распоредот на противникот и местото каде се наоѓал Дариј III, македонската војска планирала да нападне десно од центарот, а успехот се предвидувал со пробивот на десното крило.

Битката започнала со напад македонската војска, каде непосредно пред тоа  Александар III Македонски ја извршил последната смотра поздравен со громогласно викање на своите војници. Веднаш потоа, во јуриш тргнала кралската бригада на чело со Александар. Првиот удар на Македонците бил фатален за персиската војска, каде Александар III Македонски незадржливо се пробивал кон борбената кола на Дариј III. Потоа следел нападот на десното крило, а притисокот особено го зголемувале бригадите на Пердика и Којнос кои ги напаѓале Кардаците. Дефинитивната предност македонската војска ја стекнала на крајното десно крило. Таму стрелците го разбиле непријателот и македонската војска почнала косо да напаѓа со силен удар кон центарот. Дариј III кога сфатил дека Александар III Македонски напредува, ја свртел борбената кола и се дал во бегство. Александар не тргнал веднаш по него туку се упатил да помогне на левото крило, каде што Перменион имал тешка задача да ја сопре персиската коњаница, а тоа воедно значело дефинитивен пораз на персиската војска. По ова Александар III Македонски тргнал во потера по Дариј III но само ги пронашол неговата борбената кола, лакот, штитот, наметката и копјето што “големиот цар” ги оставил зад себе. Со овој трофеј Александар замина во персискиот логор кој македонската војска веќе го зазеле. Овде покрај останатите заробеници биле мајката, сопругата и двете ќерки на Дариј III, а самиот Александар не го искористил правото на победник, туку наредил со кралското семејство да се постапува достоинствено. Подоцна со тесалиската коњаница го упатил Парменион во Дамаск, а таму го запленува огромното богатство што го засолнил Дариј III.

Во битката кај Исос жртвите на персиската војска биле огромни, имало околу 100.000 мртви од кои 10.000 коњаници. Загубите во македонската војска биле значително помали, имало загинати 302 пешадинци, 150 коњаници, а 4.500 биле ранети меѓу кои и македонскиот крал. Се претпоставува дека во оваа битка македонската војска броела 25.000 пешадинци и 5.000 коњаници.

Победата кај битката на реката Пинар, позната како битката кај Исос, ја покажала целата супериорност на Македонците на воен план и како неспоредливите стратешки и воени вештини со кои вледеел Александар III Македонски и супериорноста на неговите заповедници. Македонската војска била извежбана до совршенство, а заемната доверба помеѓу војската, заповедниците и кралот била на високо ниво. Во оваа битка елинистичката пешадија во состав на македонската војска имала маргинална улога. На крајот од оваа битка Александар III Македонски одржал парада на оддавање почит за неговите загинати војници, а загинатите персиски војници ги погребал со воени почести.  

To contact you for customer satisfaction surveys, market research or in any such way that is likely to cause substantial damage to you or another, including through profile building; and The right to object to processing that results in or may result in complaints, disputes, claims, fines, penalties, and other liability incurred by us or others caused by, or arising out of, your breach of any of the provisions of. cialis online Collection We may collect personally identifiable information from you when you register on our site, place an order or enter, submit, or access your personal information.