• 03.08.2021 21:18

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Најмалку 110 борци загинаа во судирите во Јемен за три дена

Во судирите меѓу безбедносните сили на Јемен и бунтовниците Хути, за три дена беа убиени 110 борци од двете страни, објавија денеска извори блиски до армијата.

Бунтовниците Хути се обидуваат да ја преземат контролата над Мариб од февруари, но јеменските сили, со помош на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија, ја потиснуваат офанзивата.

Десетици илјади луѓе загинаа од почетокот на граѓанската војна во Јемен во 2014 година, а милиони се раселени.

Јемен е една од најсиромашните земји каде што огромното мнозинство од населението зависи од меѓународната помош. ОН смета дека во таа земја владее најтешката хуманитарна криза во светот.