Иселениците од Швајцарија засега предничат во однос на самопопишувачите од дијаспората во Германија и Италија, Канада и Австралија.
Официјалните бројки на Државниот завод за статистика покажуваат дека за само еден бројот на самопопишани е пораснат за 7102 .
Вкупниот број на самопопишани вчера изнесуваше 137 114 лица.
Најголем број самопопишани има од Швајцарија, од каде бројките се на 45 000.
На второ место најбројна дијаспора која се попишува е онаа во Германија со 31 000 самопопишани, па следи Италија со 19 000.
Најмалку се самопопишале од Канада каде бројките се 1215, со 1682 е Австралија и Соединетите американски држави со 5100 самопопишани.