• 20.04.2021 18:08

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

На денешен ден грчките власти извеле пред суд 61 Македонец, бидејќи децата ги учеле македонски јазик

BySarissa Editor

Dec 15, 2020

На денешен ден 15 -ти декември во 1945 година во селото Нестрам, Костурско, сегашна Грција, грчките власти извеле пред суд 61 Македонец, бидејќи децата ги учеле на македонски јазик. По законот за забрана за користење на македонскиот јазик од 1936 година во Грција биле осудени над 4,500 Македонци само во тој период.

Имено во 1925 година со донесување на одлуката од страна на грчката влада за печатење на Абецедарот јавно е признаено постоењето на словенско население во северните делови на Грција. Абецедарот имаше цел за образование на македонски јазик во Грција, но за жал тоа се случи за многу кратко време. Со доаѓањето на Јоанис Метаксас на власт македонскиот јазик беше официјално забранет.

Во 2006 година се издаде нова верзија на Абецедарот од страна на Виножито. Денес македонскиот јазик се учи во Грција но во тајност поради страв од грчките власти.[7] Курсови по македонски јазик има во ВоденЛеринОвчараниСолун и други градови со македонско население.

Бројот на говорници на македонскиот јазик во Грција денес не е познат, но според Ethnologue има 180.000 македонски говорници само во административната област Западна Македонија.

Првиот македонски медиум во Грција беше весникот Црвена Ѕвезда. Тој беше пишуван на локален солунско-воденски дијалект, но со грчка азбука. Потоа се појавија ЕдинствоСловено-Македонски ГласНова МакедонкаСлoбодаПобедаПреспански ГласИскраСтражар и други. Непокорен се издаваше на 1-ви мај 1947 година до август 1949 и служеше како пример за македонски медиум во Грција. Тој бил орган на Главниот одбор на НОФ. Исто така, за време на граѓанската војна постоел и македонскиот весник Билтен. По граѓанската војна се забранила употребата на македонскиот јазик.

Во 1990 со освестувањето на македонската заедница во Грција одново почнаа да се создаваат печатени медиуми на македонски јазик. Прво се појави Τα Μογλενά, потоа ЛозаЗора и Македонико. Ова беше проследено со издавање на публикацијата Задруга во раната 2010. Во мај 2010 излезе месечниот весник Нова Зора.[8] Задруга и Нова Зора се печатени и на македонски, и на грчки јазик. Нова Зора има над 20.000 тираж на секое издание.

Неколку македонски радио станици беа поставени во Eгејска Македонија. Но, исто како другите македонски медиуми, станиците му претставуваа пречка на грчките власти и македонското радио Македонски Глас беше затворено.

Во периодот на асимилација на македонското население во Грција во септември 1936 година грчките власти носат ЗАКОН за забрана на македонскиот јазик во Егејскиот дел на Македонија– грчки закон за забрана да се зборува на македонски јазик не само во јавната комуникација и на јавни манифестации од секојдневниот живот (свадби, погреби и др.) туку и во семејството. За прекршувањето на забраната биле применувани сурови казни (плаќање на т.н. јазичен данок, плукање во уста и др.). По тој закон за зборување на мајчиниот македонски јазик во јавниот живот или во семејството биле осудени и интернирани по грчките острови близу 4.500 Македонци.

(ЛИТ: С. Киселиновски, Статусот на македонскиот јазик во Македонија 1913– 1987, Скопје, 1987. Ст. Кис.)