• 03.08.2021 19:54

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

На повидок ли е нова десничарска сила во ЕУ? Орбан , Салвини и Моравјецки основаат конзервативен сојуз

Bysrs-editor

Apr 2, 2021

Премиерите на Унгарија и Полска ги поставија темелите на новиот сојуз на десничарските конзервативци во Европа со италијанскиот пратеник Матео Салвини во Будимпешта.

По средбата, Виктор Орбан го поздрави „првиот чекор од долгото заедничко патување“.

“Договоривме да продолжиме да работиме. Ќе се состанеме во мај, или во Рим или во Варшава, а датумот зависи од пандемијата на ковид-19”, рече Орбан на заедничката прес-конференција.

Матео Салвини, лидерот на Лига, зборуваше за „патот што започнува денес и ќе продолжи во неколку фази во различни европски метрополи, со проширување на групата“.

„Ние сме историско и фундаментално јадро на тој сојуз и нашата цел е да бидеме први во Европа“, додаде тој, ветувајќи „надеж по најтемниот период од војната“.

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки рече дека ќе претставуваат широк спектар на мислења и луѓе. Тој се залага за „европска интеграција што го почитува националниот суверенитет, семејството, христијанството и одбраната на традиционалните вредности“.

Ова е прв состанок на тројцата лидери откако партијата Фидеш на Орбан ја напушти Европската народна партија (ЕПП).

Заедничко за нив е спротивставување на Европската комисија за владеење на правото и почитување на правото на азил, а сега не припаѓаат на ЕПП, водечката партија во Европскиот парламент. Додека 12 пратеници на Фидеш сега се нерегистрирани, Салвини и Моравиецки се дел од две одделни парламентарни групи во Стразбур.

Веднаш по состанокот, лидерот на ЕПП, Доналд Туск, напиша на Твитер: “Русија ги мобилизира своите сили околу Украина. Во Будимпешта, Моравиецки организира про-Путин политички блок со Орбан и Салвини. Ова не е првоаприлска шега”.