• 03.08.2021 15:45

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

На повидок нова војна во Авганистан?

Повеќе од 1.000 авганистански војници пребегале во Таџикистан по судирите со талибанските бунтовници, кои напредуваат на повеќе фронтови и освојуваат територии во периодот на повлекување на американските трупи и нивните сојузници.

Во претходните денови уште неколку стотици авганистански војници ја преминаа границата со Таџикистан порано поради талибанската офанзива во изминатите недели. Таџикистан дозволува влез на војници од соседната земја во знак на добрососедство и почитување на односот на немешање во внатрешните работи на Авганистан.

Сите странски трупи што ќе останат во Авганистан по повлекувањето на НАТО во септември ќе се сметаат за окупатори, соопштија талибанците. Портпаролот Сухаил Сахин изјави дека нивната политиката не е преземање на Кабул со воена сила, но дека сите странски трупи, вклучително и странци што работат за владината армија, не треба да останат во главниот град по повлекувањето.

Талибанците контролираат речиси една третина од 421 округ и во Авганистан. Нивни одреди го зазедоа и клучниот кварт Панџваи, поранешно талибанско упориште во провинцијата Кандахар.

Американскиот генерал Остин Скот Милер, кој го надгледува повлекувањето на војниците од Авганистан, рече дека Соединетите држави треба да бидат загрижени за напредувањето на талибанците.

– Загубата на теренот и брзината на таа загуба мора да нè загрижат … Војната е физичка, но има и психолошка или морална компонента. Важна е надежта, важен е моралот. Затоа, додека гледате како талибанците се движат низ земјата, она што тие не сакате да се случи е луѓето да изгубат надеж, и уште сега веруваат дека се донесени пред свршен чин – рече Милер.

Тој посочи на можноста за граѓанска војна во земјата откако американските трупи ќе заминат.

– Ако ја погледнете безбедносната состојба, тоа не е добро. Авганистанците признаваат дека не е добро. Талибанците се на потег. Тука почнуваме да создаваме услови што нема да им изгледаат добро на Авганистанците во иднина ако започнат воено преземање – истакна Милер.

Граѓанска војна ја предвидува и републиканецот од Тексас, Мајкл Мекол, кој во неделата предупреди дека Бајден ќе биде одговорен за ситуацијата што ќе се појави по повлекувањето на американските трупи од Авганистан.

„Кога ќе се повлечеме целосно, уништувањето, убиствата, жените, хуманитарната криза на оние што бегаат преку границата со Пакистан – тие грди слики ќе ги има претседателот Бајден“, рече тој, критикувајќи ја администрацијата за „недостаток на планирање и подготовка“.