• 20.04.2021 18:04

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

На сите припадници на Баталјонот за почести им го честитаме 11 Ноември, Денот на единицата

BySarissa Editor

Nov 11, 2020

Баталјонот за почести е формиран врз темелите на Првата гардиска бригада по осамостојувањето на Република Македонија на 26.03.1992 година во касарната „Илинден“. Со уредба на Претседателот на Република Македонија, како Ден на единицата е одреден 11 ноември, со што Баталјонот за почести продолжува да ги негува традициите на Првата македонско-косовска ударна бригада и Првата македонска народноослободителна бригада.
Од формирањето па сè до денес, Баталјонот за почести претрпе низа трансформации како структурни така и во називот. По последната трансформација од 2012 година единицата се здоби со ранг на самостоен баталјон кој е директно потчинет на Генералштабот на АРМ, со ново име Баталјон за почести, и е составен од Команда и Штаб, Прва и Втора гардиска чета и Воен оркестар.
Мисијата на Баталјонот за почести е изведување на бројни протоколарни активности, следејќи го правилото за воен протокол, и тоа:

оддавање воени почести на претседателот на Република Македонија;

оддавање воени почести на шефови на странски држави, премиери, министри за одбрана, началници на генералштабови и други високи претставници на ЕУ и на НАТО;

прослави за одбележување на државни и воени празници;

реализирање на воени свечености;

церемонии при ден на жалост, погреби, комеморации и полагање венци на споменици на паднати херои.