• 20.04.2021 17:27

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Неизживеаната романса на Санстефанска Бугарија

Се’ додека за Софија: Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година е ништовен и претставува велепредавство за нацијата и државата!

3 март е Национален празник на Бугарија кој претставува демонстрација на отворени територијални претензии на Софија кон Македонија.

На денешен ден 1878 година, после руско-турската војна 1877-1878 година во која Москва извојува победа, со санстефанскиот руско-турски мировен договор склучен во едно село Сан Стефано до Цариград, Русија ја проектира т.н. Санстефанска Бугарија која никогаш не постоела!

Во границите на Санстефанска Бугарија, заради излез на Русија на Медитеранот, била вцртана и Македонија. Затоа, Македонија за Софија е неизживеана романса од 1878 година.

Санстефанскиот мировен договор траел само три месеци на хартија, веднаш бил ревидиран со Берлинскиот конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година, затоа што останатите големи сили не биле задоволни од територијалната поделба на Отоманската империја по желба само на Русија.

Во Берлинскиот договор, кој ревидирал 2/3 од Санстефанскиот мировен договор, Македонија добила право на автономија со посебен Статут како и Крит.

Откако осуетиле дека Високата Порта подготвува автономија за Македонија, 1912 година Србија Бугарија и Грција ја започнуваат Првата Балканска Војна “за ослободување” на Македонија.

Откако “ја ослободиле”, ја започнуваат Втората Балканска Војна меѓу себе во 1913 година, кој да приграби поголем дел за себе од Македонија.

Балканските војни завршуваат со Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година.

Со овој Договор Македонија е поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција.

Врз Македонија е извршна окупација а врз Македонците е (из)вршен геноцид кој се’ уште трае …

Грчката окупација врз Македонија е легализирана со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година … Со оваа Спогодба, марионтската влада на Зоран Заев го менува името на државата, и се откажува од историјата на Македонија и од Македонците во соседните земји и во светот во целина …

Борбата за Македонија продолжува против колаборационистите и врховистите!

Да живее Македонија! Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Пишува: Тодор ПЕТРОВ