• 21.04.2021 19:56

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Нетанјаху: „Ова е обид за државен удар“

BySarissa Editor

Apr 6, 2021

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во понеделникот ги обвини за „лицемерие“ и за водство на „лов на вештерки“ државните обвинители по првиот ден на сведочењето во судењето за корупција против него,. Тој рече дека истрагата и гонењето претставуваат обид на полицијата и обвинителите да ја „погазат демократијата“ во Израел и да ја нарушат волјата на гласачкото тело.

Тој ја издвои главната обвинителка Лиар Бен-Ари, која го отвори предметот против него, тврдејќи дека иако таа го обвинила него на суд за злоупотреба на овластувањата, всушност Бен-Ари и нејзиниот обвинителен тим се тие што постапиле незаконски.

Како одговор, високи претставници на Министерството за правда и на полицијата изјавија дека тврдењата на Нетанјаху се лажни, го обвинија за обид за заплашување на судот и го предупредија дека неговите обвинувања што ги ставаат обвинителите во опасност.

Судењето започна неколку дена по одржување на парламентарните избори во Израел на 25 март. Политичката партија на Бенјамин Нетанјаху, Ликуд, со својата коалиција, освои 54 места, девет помалку од вкупното мнозинство. Хетерогена колекција на центристички, левичарски, десничарски и арапски опозициски партии освои 57 места.