• 03.08.2021 23:02

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Новите генерации и подемот на конзервативизмот

BySarissa Editor

Oct 5, 2020
Елена Зарковска

Генерацијата Z бргу ги замени нивните претходници, милениумците. Од податоците кои се засега достапни, таа е најобразованата генерација досега, комплетно дигитализирана и информирана за сите значајни теми во општеството. Информациите се, секако, мали за политичките склоности на зачетокот на оваа генерациска група – од кои најстарата е на возраст од околу 24 години – но се собираат знаци кои навестуваат на изненадувачки конзервативни импулси.

Традиционално, младите скоро секогаш имале склоност кон прогресивноста. Како дополнување на ова верување се надоврзува идејата дека луѓето како стареат стануваат се поконзервативни. Интересно, но се чини дека сегашната генерација млади не го отсликува овој историски тренд. Кои можат да бидат причините за ова?

Привлечност кон контракултурата

Општото расположение на генерацијата Z полека, но сигурно го постигнува врвот на зрелоста и се чини дека покажува посилни нишки на конзервативизам отколку што обично се очекува од таква возрасна група. Тука секогаш може да се доведе во прашање кохерентноста на политичките ставови на еден 16-годишник (ако воопшто ги има, т.е.), но сега е полесно да се заклучи како размислуваат и во која насока се движат.

Како деца, генерацијата Z израсна во претежно револуционерна и бунтовна политичка клима. Пет години поминати во борба против “режимот” и борба за правда. Поголем дел од тие години, носителите на т.н промени ги поминаа и на одговорни позиции, но и како носители на извршната власт. Културната и политичката коректност во нивниот случај беше комплетно неприфатлива. Откако реалните резултати изостанаа, младите започнаа да развиваат една природна одбивност кон нив и привлечност кон контракултурата.

Размислете за младите од Европа во 60-тите години на минатиот век – активистички ориентирани и насочени кон протести. Конзервативната – можеби некои ќе речат – „задушувачка“ култура од 1950-тите го обезбеди овој суштински контраст. И така, се појави генерација на  млади полни со цинизам и идеализам. Затоа беше наречена контракултура. Затоа привлече многу млади.

Сега сме 2020 година. Мејнстрим медиумите се бесрамно лево ориентирани, политичката коректност е во мода веќе неколку години (иако повремено и таа е подложна на напад). Со други зборови, „револуционерите” уживаат во своите привилегии на националната сцена подолг временски период.

Институционално – сметаат медиумите и академската заедница –  социјалдемократијата доминира. Мислам дека и повеќето луѓе генерално би се согласиле со ова мислење. Но, главните струи кои се веќе воспоставени и доминантни не ги мотивираат и поттикнуваат младите повеќе. Па, зошто е изненадување што за многумина од нив, конзервативизмот сега станува кул? Тоа е контракултурна динамика во акција. 

Првиот чекор во идентификувањето каде генерацијата Z може да се движи политички е да се признае дека постои вродена привлечност кон контракултурата. Така, бунтот против сегашната култура која не ги испорача ветувањата за правда и правичност, борба против корупцијата и криминалот, поквалитетно образование и подостапно здравство, нови можности за вработувања и решенија за тековните проблеми донесе повторна наклонетост кон конзервативците. Оваа динамика, која е можеби политички нелогична и неповрзана е делумно одговорна за новите трендовишто може да ги видиме кај денешната младина.

Политичка коректност

Значи, вреди да се праша, што е мејнстрим веќе некое време? И што е тоа што власта ја прави „нервозна“? Десницата го разоткри вистинското лице на лажните прогресивци и успеа и покрај сите опструкции да ја придобие револуционерната енергија на своја страна.

Генерацијата Z  најде свој соборец и поддржувач кај конзервативците и започна повторно да се персонифицира со нивните ставови.

Без оглед на силата на нивната политичка жестокост и нијансите на нивните ставови, се чини дека постои дефинитивна главна тенденција на оваа генерација да се потсмева на политичката коректност. Откако ќе бидат просветлени како се игра политичката коректност, многу тинејџери се згрозуваат и се спротивставуваат на тоа. Тие не сакаат синтетички изјави во тесни, учтиви формалности. Тие не сакаат да бидат соучесници во продажбата на полувистини или работи што се очигледно лажни. 

Историски гледано, младите луѓе не се многу привлечени од идејата да се мешаат заедно со она што го истакнува мејнстримот, доминантната култура (и, можеби, нивните родители). Исто така, мислам дека младите луѓе се природно сомничави и можеби дури и малку цинични. Тие не прифаќаат работи по автоматизам и токму затоа бунтот кај младите е сеприсутна работа.

Технологија

Дискутирајќи за новите политички ветришта, вреди да се проговори и за видот на политички влијанија што се шират кај генерацијата Z. Процентот на оние кои седат навечер и ритуално гледаат телевизиски дебати е прилично мал. Токму мејнстрим ТВ-мрежите и нивниот опфат ни ги покажува ставовите кои ќе ги развие новата генерација на политички активни членови. Со сигурност може да се каже дека новата генерација воопшто не ни знае во кој термин се емитуваат вечерните вести. Но, затоа генерацијата Z e генерација  на коментари и политички видеа на YouTube, Snapchat и TikTok.

Социјалните мрежи им дозволуваат на младите луѓе да налетаат на искрени и многупати пригодни политички дискусии што не е случај со традиционалните медиуми. Честопати, во тие околности на Интернет многу млади луѓе се во можност да ги потврдат своите ставови за она што го гледаат во јавната сфера. Дополнително, човечките суштества кои имаат и тенденција да поседуваат силни и цврсти уверувања имаат можност преку модерната технологија да ја задоволат оваа нивна вродена желба.

Интернетот е огромна површина на перспективи и верувања, вистински слободен пазар на идеи,а претставува и своевидна светска огласна табла, место каде што луѓето можат да разгледуваат различни мислења, да споделат свој став и да ги поканат своите блиски да коментираат, критикуваат и одобруваат. Тоа е демократски простор исполнет со целиот спектар на политички убедувања.

Младите луѓе бараа алтернатива. Сепак, вистината е дека социјалдемократите ја оттурнаа генерацијата кој доаѓаше на сметка на сомнителни ликови кои го окупираа јавниот простор и профитираа на сметка на нивните емоции, идеали и беспоштедна борба за промени.

Наоѓање на нешто солидно

Младите го мразат лицемерието и тие честопати можат прилично добро да претчувствуваат и разобличат неискрен пристап и противречност. Поради тоа што не биле идеолошки длабоко вкоренети до овој момент од нивните животи, тие мораат да гледаат на работите со поголема перспектива, за разлика од нивните родители. Соочени со задачата да согледаат во што треба да се верува, треба да се истакне дека генерацијата Z никогаш навистина не се соочила со ограничување на нивната слобода. 

Мислам дека од ова, ние сме сведоци на желбата на генерацијата Z да најде нешто цврсто меѓу ова бесконечно море на идеи за да се задржи. И да сакаш да се држиш до нешто цврсто е благородна работа – не мислам дека треба да направиме грешка да предложиме дека има нешто регресивно, кукавички, или, нетолерантно во врска со ова. Секој сака да верува во нешто. Систем за верување што се чувствува веродостоен, вистински и кохерентен е човечка потреба. Тоа е импулс за преживување, а генерацијата  Z e генерација која ќе поминува низ безбројни, безначајни уверувања за конечно да ја пронајде стабилизирачката супстанца по која тивко гладува.

Емпатија и разум

Статистички гледано, емпатијата опаѓа. Тоа звучи лошо, но политиката на социјалдемократите е технички заснована на површна емпатија. Се користи во обем нужно неопходен за прочистување од мноштвото гревови. Се користи и како оправдување за афирмативните шеми на дејствување. И затоа, не мислам дека емпатијата како политичка тактика го ужива влијанието кое некогаш го имаше. Нејзината убедлива моќ е запрена затоа што луѓето не можеш повеќе да ги намамиш и да собираш поени базирани на лаги и патетика.

Ова не значи дека социјалдемократите станаа неефикасни и престанаа да бидат силни политички чинители, далеку од тоа. Но, ако помладите генерации се помалку доминантни во емпатијата – и со тоа, со помала веројатност го користат овој импулс за да ги водат своите политички верници – тогаш тоа не е нешто што треба да се занемари. Понатаму, со прекинувањето на личните контакти и социјалното изолирање и се поголемата зависност од социјалните медиуми и Интернетот постои голема веројатност младите да се претворат во дистанцирани набљудувачи, повремено закоравени, но можеби и повеќе склони кон рационалност и разум.

Тековните настани

Нестабилната здравствена, економска и глобална клима за безбедност може да предизвика особено забележлива желба на генерацијата Z да ги цени безбедноста, редот и конзервативизмот. Децата од оваа ера тешко се сеќаваат на времето кога тероризмот не претставуваше закана. Секако, ако имате десет години, навистина не знаете што се случува. Но, можете да интуирате напнатост и страв. Ако имате десет години, сепак можете да го прифатите поимот страв кај возрасните и тоа остава прилично продорна, неизбришлива трага. Судирите на Блискиот Исток и регионот на Кавказот ги додадоа националните превирања. Многу може да се каже за кумулативното влијание што таквото опкружување би го имало врз децата што растат во него. Повторно, ова е само моја скромна шпекулација, но верувам дека растењето во, технички кажано, нестабилно општество може да создаде желба за спротивното – стабилност. По истиот знак, мирните повоени години на стабилните, православни 50-ти години на минатиот век може да предизвикаат желба за нешто релативно нестабилно, па оттука и револуционерната фаза што следеше по неа. Кога времињата ќе станат премногу крути, ние сакаме некоја опасност. И кога времињата ќе станат премногу нестабилни, ние посакуваме ред и стабилност. Ова е прилично разбирлива динамика која ќе не следи и нас во периодот кој доаѓа.

Елена Зарковска