• 11.04.2021 10:30

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Новите мутации нема да предизвикаат нова пандемија на коронавирусот“

Ширењето на нови мутации во коронавирусот нема да предизвика нова пандемија, изјави директорот на Европската регионална канцеларија на Светската здравствена организација Ханс Клуге за шпанскиот весник „Паис“.

– Новите мутации сурово не потсетуваат дека вирусот сè уште не напаѓа. Но, ова не е нов вирус. Ова е нормална еволуција на секој патоген што се обидува да се адаптира на својот домаќин. Ова не е почеток на нова пандемија, но мора да бидеме многу будни, нагласи Клуге.

Тој смета дека будноста е важна, бидејќи новите мутации можат да предизвикаат повторни инфекции, како и побрзо ширење на заразата. Ова ќе ја комплицира работата на здравствените системи во одделни земји. Покрај тоа, новите мутации можат да влијаат на ефикасноста на вакцините.

– Ако бидеме сведоци на побрзо ширење на коронавирусот и зголемување на движењето на вакцинирани лица, може да има зголемување на смртноста, смета Ханс Клуге.

Тој објасни дека 2021 ќе биде уште една година со коронавирус, но болеста сега ќе биде попредвидлива и полесно ќе се контролира.