• 03.08.2021 23:02

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Нуклеарна криза во Иран: Законот има за цел да го зајакне збогатувањето и да ги блокира инспекторите на ООН

Иран сo новиот закон планира да ги запре инспекциите на ООН на своите нуклеарни локации и да го засили збогатувањето на ураниум доколку истиот биде одобрен од неговиот парламент.

Предлог-законот ќе бара од владата да продолжи со збогатување на ураниум до 20% – далеку над 3,67% договорен според нуклеарниот договор од 2015 година – доколку не се олеснат санкциите од „западот“ во рок од два месеци.

Иранскиот претседател Хасан Рухани изјави дека се спротивставува на спроведувањето на законот.

Ова произлегува по убиството на врвниот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризаде кој беше убиен во мистериозен напад на пат надвор од главниот град Техеран минатиот петок. Иран верува дека Израел и опозициската група во егзил користеле оружје со далечинско управување за да го извршат пукањето, иако Израел јавно не ги коментираше наводите за нејзино учество. Додека автомобилот на иранскиот нуклеарен научник Мохсен Факризаде се доближувал кон булевар во регионот Дамаванд, оддалечен околу 60 километри од Техеран, автоматска пушка управувана со далечински управувач отворила оган од камионет паркиран во близина. Во возилото имало и експлозиви кои исто така биле активирани со далечински управувач. Напаѓачите потоа отвориле оган, според Ферејдун Абаси-Давани, нуклеарниот научник кој преживеал атентат во 2010 година. Набргу се јавија информации дека имало и до 12 напаѓачи, како и притаени снајперисти, „пишува Фајненшл тајмс“.

Нападот ги зголеми тензиите во осетлив период кога американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да му ја отстапи функцијата на Џо Бајден, кој пак, треба да ги обнови разговорите меѓу Иран и светските сили за нуклерниот договор од 2015 година. Трамп се откажа од историската спогодба во 2018 година и воведе жестоки санкции врз Иран. Помеѓу 2010 и 2012 барем четворица ирански нуклеарни научници беа убиени во Техеран.