• 22.04.2021 00:49

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

НУК: Предлагаме сите одлуки со кои се ограничува работното време на Угостителските Објекти да се укинат

ByHristijan Risteski

Jan 15, 2021

Независната угостителска комора е незадоволна и покрај тоа што министерот Венко Филипче најави дека од 21 јануари се враќа претходното работно време за оваа дејност до 21.00 часот, наместо актуелното до 18.00 часот. Од НУК и натаму сметаат дека рестрикциите во работното време е кршење на уставните права.

„Никој не спори ниту се противи на постоењето на протоколи и препораки за работа на угостителски објекти во услови на глобална пандемија ковид-19. И наместо министерот Венко Филипче да ветува дека ќе го разгледува нашето оправдано барање за укинување на ограничувањето на работното време, предлагаме сите одлуки со кои се ограничува работното време утврдено со закон веднаш да се укинат, а Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да предложат унапредување на постојните препораки и протоколи и да се задолжат да изготват унифицирани и стратешки препораки и протоколи за работа на целокупната угостителска индустрија во 2021 година“, гласи реакцијата на комората.

Следната недела, кафулињата, рестораните и останатите угостителски објекти ќе работа тдо 21 часот, објави Филипче во понеделникот, но угостителите со подобрувањето на епидемиолошката слика во земјата очекуваат да им биде одобрено продолжување на работното време на локалите и рестораните не до 21 часот, туку макар до 23 часот, ако веќе не може да се врати старото регуларно работно време

-Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Тоа е единствената мерка која ќе биде олабавена. Во меѓувреме ќе ја следиме состојбата и согласно тоа можеме да го разгледаме и нивното барање да работат до 23 часот. Но, се останато останува исто. На сила остануваат сите останати мерки, рече министерот Филипче.