• 22.04.2021 01:06

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Пеги Нунан – писателка, колумнистка, добитник на Пулицерова награда

Како поддршка за деновите против насилството врз жените, за овој ден Ви ја претставуваме Пеги Нунан.

Нунан е родена во Бруклин, Њу Јорк, и има дипломирано на универзитетот Ферли Дикинсон. По дипломирањето работи  како колумнист за дневното CBS радио за славниот водител и уредник Ден Ратер во CBS News. Од 1975 до 1977 година работи како носител на вести во текот на ноќната смена како во WEEI Radio во Бостон, каде подоцна е унапредена во Директор за уредништво и јавни работи. Во 1978 и 1979 година е Вонреден професор по новинарство на Њу Јорк универзитетот.

Нунан е автор, колумнист за Волстрит журнал каде што работи од 2000 година и аналист на новински емисии. Таа исто така е член и на комитетот и е една од основачите на wowOwow.com, заедно со Лиз Смит, Лесли Стал и Мери Велс Лоренс.

Нунан беше Специјален асистент и писател на говори на претседателот Роналд Реган. Во 1984 година, Нунан, го пишува неговиот легендарен говор на Реган насловен „Момците на Поинте ду Хок“ на 40-годишнината од Денот Д. Таа, исто така, го напиша обраќањето на Реган до нацијата по експлозијата на ракетата „Челинџер“ за авијатичарите кои „ги лизнаа излишните врски на земјата … и го допреа лицето на Бога“. Вториот е рангиран како осми најдобар американски политички говор на 20 век.

Подоцна, додека работеи за претседателската кампања на тогашниот потпретседател Џорџ Х. В. Буш во 1988 година, Нунан ја смисли фразата „по љубезна, по нежна нација“ и исто така ја популаризираше „илјада точки на светлината“, две незаборавни изрази што ги користеше Буш. Нунан исто така го напиша најславниот говор на Буш на Националната конвенција на Републиканците во Њу Орлеанс, во кој тој вели: „Читајте ми од усните: нема нови даноци“. Последователното менување на овој завет од Буш често се наведува како главна причина за неговиот пораз во кампањата за реизбор во 1992 година.

Нунан исто така работела како консултант на славната американската телевизиска драма “West wing”.

Во 2004 година, Нунан работи и за претседателската кампања за реизбор на Џорџ В. Буш. За време на претседателската кампања во 2008 година го изрази својот став дека кандидатката за потпретседател Сара Пејлин не ги демонстрирала „алатките, опремата, знаењето или филозофското засновање на кое се надева и очекува од носител на висока функција“, заклучувајќи дека кандидатурата на Пејлин означува „вулгаризација“ на американската политика „тоа„ не е добро … за конзервативизмот … [и] земјата “.

Во 2010 година Нунан ја доби престижната награда Конгресен медал на честа, следната година беше избрана за Колумнист на годината. Пеги Нунан својата новинарска кариера ја круниса со добивање на Пулицерова награда во 2017 година.

Нунан е соработник на Институтот за политика на Универзитетот Харвард и предава на одделот за историја на Универзитетот Јеил. Таа е автор на девет книги за американската политика, историја и култура.