• 25.06.2021 09:00

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Објавена драмата „Последниот ден на Мисирков“ од Плевнеш

Во рамките на јубилејот – триесет години од основањето, „Матица македонска“ ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков –еднодневна драмска сага за животот и смртта на балканскиот лингвистички Моцарт Крсте Петков Мисирков ( 1874-1926) “ од современиот македонски писател Јордан Плевнеш.

– Во ова драмско дело, познатиот драмски писател, поет и романсиер, како на филмско платно ја отсликува животната одисеја, но и трагична судбина на Мисирков, авторот на култната книга „За македонцките работи“, во која ги постави здравите темели на македонскиот јазик, наведуваат од „Матица“.

Јордан Плевнеш (Слоештица, 1953) е автор на богат драмски опус високо вреднуван од критиката. Неговите драми се играни во најзначајните југословенски центри, како и во повеќе театарски сцени ширум светот. Предевал креативно пишување на повеќе европски и американски универзитети. Бил амбасадор на Република Македонија во Франција. За своето богато творештво добирник е на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на државната награда „Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата.