• 25.06.2021 13:44

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Објавен извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал

Bysrs-editor

May 10, 2021

Пазарот за шверц на мигранти во Западниот Балкан вреди најмалку 50 милиони евра годишно. Иако оваа сума е далеку под просекот на илегалниот профит создаден за време на хуманитарната криза од 2015 година, сепак таа покажува дека се уште има одреден активен пазар за шверц на мигранти низ регионот, кој е спротивен од напорите за затворање на „Балканската рута“, стои во денеска објавениот извештај на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал насловен како „Тековни цени: анализиран протокот на луѓе, дроги и нелегални пари во земјите од Западен Балкан“.

Како што информираат од канцеларијата на Глобалната иницијатива, извештајот овозможува детална слика за цените и рутите за дрога и мигранти по кои се шверцува низ регионот на Западен Балкан и фрла светлина врз големината на профитот кој се генерира од перењето на нелегалните пари.

Анализираниот проток на луѓе, дроги и нелегални пари во земјите од Западниот Балкан овозможува детални информации за цените на рутите по кои се шверцуваат мигрантите во регионот. Се приложуваат детални мапи и анализи и се идентификуваат клучните точки на влез и излез за шверцот на мигранти низ Западен Балкан, како и локациите на центрите за трговија на дрога и пазарите за дрога. Пандемијата на Ковид-19 се чини не ги попречи значително овие нелегалните протоци на активности, стои во извештајот.

Во делот на публикацијата кој се однесува на трговијата со дрога, извештајот, како што се истакнува, нуди детални мапи на трговски рути, ја подвлекува вредноста на ланецот на трговијата со дрога преку границите, и информира за целосната продажна цена на дрогите во клучните жаришта во регионот, кои истовремено се и места каде вирее пазарот со дрога. Наговестувачки трендови во регионот вклучуваат: зголемена култивација на канабис ( во затворени простории) во земјите освен во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, силен проток на канабис од ЗП 6 кон Бугарија, силен проток на кокаин во повеќе правци, вклучувајќи ја Хрватска, Грција и пристаништата на Црното Море во Бугарија и Романија и зголемување на цените на производство и употреба на синтетички дроги.

-Голем број од жариштата идентификувани во извештајот се подложни на поли-криминалитет кој вклучува тргување на дрога и перње на пари во склоп на местата каде минуваат патиштата за шверц на мигранти. Иако овие локации се добро познати, сепак има малку заплени на дрога – освен оние на канабис – или приведувања на значителни криминалци што потикнува на размислување дека постои и „заштитена економија“ која овозможува профити, на овој статус кво на состојбите.

Извештајот заклучува дека „протокот на луѓе, дроги и нелегални пари преку Западен Балкан не следи правилни линии или пак вектори на мапа“. Тие се движат најчесто на кратки дистанци, а истовремено се избираат и секогаш различни патишта за движење сетто во зависност од пречките и можностите кои ќе им се појават на патот на сторителите, вели Волтер Кемп, еден од авторите на извештајот:

https://globalinitiative.net/analysis/western-balkans-crime-hotspots-3/