• 25.06.2021 11:08

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Објавен конкурсот за осмото фестивалско издание на поетскиот фестивал „Литературни искри“

BySarissa Editor

Feb 28, 2021

Оргaнизацискиот одбор на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ го објави конкурсот за осмото издание на поетската манифистација која се одржува во Гостивар.

Според пропозициите кои се објавени во конкурсот, право да конкурираат имаат сите поети од Македонија и од Балканските земји без разлика на возраста. Творците конкурираат со по три до сега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на слободна тема, напишана на мајчин јазик.

Песните со кои авторите ќе конкурираат на фестивалот треба да се испратат по електронска пошта на literaturniiskri@yahoo.com со краен рок 31 март.

– Пристигнатите творби ќе ги оценува тричлена комисија, а резултатите ќе бидат соопштени кон крајот на април. Освен избор на најдобрите автори што ќе влезат во трка за фестивалските награди, комисијата ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка поетска збирка, наведуваат од организационот одбор.

Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, 24-ти Мај.

View this post on Instagram. buy cialis south africa Related Posts.