• 16.05.2021 19:47

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Одбележани 118 години од саможртвата на гемиџиите

Bysrs-editor

Apr 26, 2021

Со положување цвеќе пред споменикот  „Гемиџии” кај Мало Мовче на левата страна од Велес, делегација од Општина Велес денеска  ја одбележа 118-годишнината од саможртвата на велешките херои – гемиџиите и се поклони на нивниот херојски подвиг.

Кружокот на гемиџиите се формирал со идеја со саможртва да се помогне на револуционерното македонско движење.

Членовите на кружокот биле анархисти – пацифисти и либерали кои сметале дека општеството може да биде организирано во ред без контрола.

Водач на кружокот бил Јордан Поп Јорданов – Орце (1881 – 1903), помал брат на Миле Поп Јорданов (опеан во народната песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“). Орце бил душата на кружокот, млад, интелигентен, начитан, со силна волја. Неговата верба во исправноста на избраниот пат – жртвата за татковината, е водилката во делото на Гемиџиите.

Потесниот круг гемиџии биле: Димитар Мечев-Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, сите од Велес, Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид. Другите членови на кружокот биле: Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Цветко Наумов и др.

Планот на Гемиџиите од последното советување одржано надвор од градот бил: да се потопи францускиот брод, да се минира пругата во близина на солунската станица, да се запали резервоарот за газија од којшто се осветлувал градот, да се дигне во воздух Отоманската банка, да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери. Прекинувањето на осветлението и фрлањето на градот во темнина требало да биде знак за почетокот на акцијата.