• 03.08.2021 23:03

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Одбележани 40 години од формирањето на Специјалната единица „Тигар“

Bysrs-editor

Mar 13, 2021

Во Касарната „Илинден“ денеска, со положување на цвеќе на споменикот на загинатите борци, подигање на новото знаме, доделување на плакети и прикладни говори од страна на високи функционери, беше одбележана 40-годишнината од формирањето на Единицата за специјални задачи „Тигар“, сега преименувана како Специјална антитерористичка единица „Тигар“.

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.