• 25.06.2021 00:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Одбележување на Денот на Првата пешадиска бригада на АРМ

Bysrs-editor

Apr 2, 2021

Припадниците на Првата пешадиска бригада (1.пбр) денеска во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец со воена свеченост и со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19 го одбележаа Денот на единицата.

За Ден на 1.пбр е одреден датумот 2 април кога овааа единица ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица со застапеност на повеќе армиски родови.

– Во состав на Првата пешадиска бригада е најголемата декларирана единица – лесниот пешадиски баталјон. Таа е препознатлива не само по стекнатото искуство и учество во мировните операции во Авганистан и Ирак, ангажирањето на јужната граница, високите резултати од реализираните оценувања и вежбовни активности, туку и со постојаната несебична помош и асистенција на граѓаните и институциите на Република Македонија секогаш кога тоа е потребно, наведува Министерството за одбрана.

Како повисока здружено-тактичка единица преставува главна борбена сила на Армијата која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка при природни катастрофи, епидемии и други опасности. Надвор од територијата на Републиката со декларираните единици учествува во мировните операции и ги исполнува меѓународните воени обврски.