• 20.04.2021 17:05

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Од вечерва почнува полициски час, ќе трае најмалку две недели

Полициски час од 22 часот до 5 стапува на сила од вечерва. Владата на седница вчера даде зелено светло за предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести. Забраната за движење ќе важи и за време на викендите и ќе трае најмалку две недели.

Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, на лицата во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа.

Ако поради итноста на здравстената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравстевната инстуиција преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед.

Властите очекуваат дека враќањето на полицискиот час ќе даде резултат.

Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку да имаме целосно оптоварување на здравствениот систем, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски смета дека рестриктивните мерки се ограничувачки, но неопходни за да може да се заштити здравјето и животот на граѓаните.